Холивудската актерка Мишел Вилијамс по вторпат ги промовира чантите на францускиот бренд „Луј Витон“. Фотографиите ги сними Питер Линдберг, а стајлингот е на познатата модна уредничка Карин Ројтфелд. На поголемиот дел од фотографиите американската глумица е босонога и носи креации слични на тие што ги носеше во филмот „Една недела со Мерилин“, во стилот на доцните 50-ти години. Покрај ретро-моделите тука се и трендовските комбинации со фармерки и бомбер јакна. Во раце ѝ се новите чанти на „Луј Витон“, кои се со подобрен квалитет и модерен изглед. Понудена е палета од бели, крем, песок-нијанса, портокалова, шеќерно розова, црвена и црна боја.
Нема коментари