• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
досие 0

Мода и дизајн@Paratissima: Ем Елефантски, Cactus, Светлосна врска, Владимир Видановски и Pocket Gallery

Од stylist @StylistMKD · На јуни 12, 2017

paratissima

Илустрациите на Ем Елефантски, накитот на Pocket Gallery, фотографиите на Владимир Видановски, облеката на девојките од Cactus и светлосните тела на Светлосна врска се дел од дизајните што е може да ги видите во отсекот на мода и дизајн на интернационалниот саем на современа уметност Паратисима Скопје, кој ќе се одржи од 15 до 17 јуни во Младинкиот културен центар. Под кураторство Драган Христов, во овој дел од фестивалот изложуваат над 35 македонски и интернационални дизајнери, овде претставуваме дел од нов.

Ем Елефантски портрет

ЕМ ЕЛЕФАНТСКИ

Инфо – Јас сум Емилија Мишева Ставрова, позната како Ем Елефантски. Средно образование имам завршено во Гевгелија. Факултет по журналистика и масови комуникации на Софискиот универзитет “Св. Климент Охридски”, во Софија и постдипломски PR, на истиот универзитет.

Што го прави Вашиот бренд единствен, препознатлив, уникатен? По што се разликува од останатите?  - Стилот на илустрациите. Секој уметник си има свој уникатен пристап, кој го прави различен од другите – од потегот на линијата, композиција или некои карактеристични елементи кои се повторуваат во секоја илустрација.

Em-1-poster

Зошто дизајнирате? Што најмногу сакате кај Вашата професија и дизајнот? – Тоа сум јас! Тоа е начинот на кој зборувам, сонувам, дишам и бидувам. Бидејќи љубов!

Каде се гледате по 10 години? Какви планови и очекувања имате за Вашиот бренд? – Во ателје со високи плафони, многу цвеќиња внатре, многу светлина, полици, фломастери, бои, текстил, скици, моја линија на облека за деца и возрасни, позната worldwide. Си ветив дека нема да сум скромна дури сонувам.

Em-3

Како се одвива Вашиот дизајнерски процес? Што сè е вклучено во Вашата работа како дизајнер? – Прво цртам на рака, со маркер/репитограф, потоа го скенирам, па го дотерувам со боичка во Photoshop/Illustrator – па на крај – принтање. Печатам тефтерчиња, беџови, магнети, торбички, а во моментот подготвувам нешто ново, ама нека е изненадување.

Зошто одлучивте да учествувате на Паратисима во отсекот мода и дизајн? – Прво планирав да се пријавам за изложба, но не супеав да го довршам проектот со кој сакав да се пријавам. Па на крај се одлучив за отсекот мода и дизајн. Се надевам на убаво искуство.

 

cactus

CACTUS

Инфо – Cactus е бренд кој е основан пред една година од страна на Сандра Мојсова, 25, која е магистриран архитект – инженер и Еми Ермилова, 27, дипломиран графички дизајнер.

Што го прави Вашиот бренд единствен, препознатлив, уникатен? По што се разликува од останатите? – Нашиот бренд е препознатлив поради многубројните техники применети на нашите модни парчиња како што се рачното везење, цртање, сито печат и др. Наменет е за младата урбана генерација со стил, која ја цени и разликува вредноста на рачната изработка и модерните уникатни илустрации. Низ целиот процес од бирање на материјал до поставување на етикета е посветено големо внимание на квалитетот и естетиката.

1

Зошто дизајнирате? Што најмногу сакате кај Вашата професија и дизајнот? - Секоја идеја која што ќе помине во нашите мисли мора да биде некаде кажана, запишана или нацртана. Ги искажуваме чувствата и мислите преку нашите дела. Креативното изразување не ослободува. Илустрациите кои рачно ги веземе на парчињата облека е нештото кое ќе го одвоиме во оваа прилика. Сакаме да експериментираме.

Каде се гледате по 10 години? Какви планови и очекувања имате за Вашиот бренд? – Планот на Cactus е да се разграни во повеќе дејности во кои ќе биде максимално квалитетен и уникатен. Како се менува времето така си носи нови идеји и планови. За 10 години се гледаме во Европа, во тесна дизајнерска уличка со наше студио и концепт продавница каде што ќе се спојат модата, архитектурата и дизајнот.

Како се одвива Вашиот дизајнерски процес? Што сè е вклучено во Вашата работа како дизајнери? – Веќе година дена истражуваме, учиме секојдневно од грешките и истовремено растеме. Најпрво сакавме да садиме кактуси во рачно изработени саксии. Од таму дојде името на брендот. Обожаваме кактуси. Како минуваше времето така дојдовме до идеја да цртаме на текстил и потоа да го шиеме во модели како маици, торби, шорцеви, блузони, перници итн. Потоа купивме сито и боја за да можеме на поинаков начин да ги пресликаме нашите илустрации на текстил. Истите илустрации кои најпрво се скицирани на лист хартија, а потоа во Adobe illustrator со текот на времето научивме да ги изведеме и на трет начин, а тоа е везењето кое моментално е доста применето во модните брендови. Сите овие техники се вклучени во нашата работа како дизајнери. Целиот процес на добивање на еден производ е започнат на лист хартија, со нафрлени зборови, скици, за истите да се извезени, испечатени, обоени на парче текстил кој на крај добива форма на маица, торба, шорц итн.

Зошто одлучивте да учествувате на Паратисима во отсекот мода и дизајн? – Цели 3 години го посетуваме овој саем и сме задоволни од организацијата како и од делата на сите артисти. Мислиме дека има голема посетеност, потенцијал и шанса да го претставиме брендот на најдобар начин во отсекот мода и дизајн.

 

elen zelen

СВЕТЛОСНА ВРСКА

Инфо - Елена Диновска Зарапчиев, креатор на Светлосна Врска. По вокација сум дизајнер на ентериер и магистар по дизајн на дигитален простор.

Што го прави Вашиот бренд единствен, препознатлив, уникатен? По што се разликува од останатите? - Светлосна врска е линија на светлосни тела изработени по мој дизајн. Уникатноста ја прават абажурите кои имаат сложени геометриски форми и имаат двојна улога, односно може да се прикачат на ногарки и станат столни лампи или да се прикачат на плафон и да станат лустери. Абажурите се изработени од медијапан со разни типови на фурнири, додека ногарките се од масивно дрво.

светлосна врска 1

Зошто дизајнирате? Што најмногу сакате кај Вашата професија и дизајнот? – Дизајнирањето ми помага да ѝ овозможам на мојата креативност да излезе на површина. Тоа е само медиум кој има цел да ме одведе до еден конечен чин или производ. Некогаш поради создавање на практични работи, некогаш само со порив за креативно и уметничко изразување во просторот. Отсекога сакав да создавам, поправам работи, учев и расипував. Дизајнот го сакам затоа што е начин на мое изразување, без разлика на стилот, методот, алатката или за што служи конечниот дизајн. Преку тој начин на изразување, успевам да оставам белег.

Каде се гледате по 10 години? Какви планови и очекувања имате за Вашиот бренд? – Иако главната работа ми е графички дизајнер во маркетинг агенција, сепак вложувам многу енергија и љубов во мојот бренд и очекувам да бидам многу подобра и да создавам многу покомплексни парчиња и секако планирам да го зголемам изборот на предмети и да опфатам и други сегменти од уредувањето на простор.

светлосна врска 2

Како се одвива Вашиот дизајнерски процес? Што сè е вклучено во Вашата работа како дизајнер? – Секојдневно слушам нова музика, гледам филмови и разгледувам списанија за дизајн и уметност и веројатно првите импулси за некоја креација настануваат како некој сублимат од сите процеси кои се случуваат во мојот мозок. Потоа цртам скица па правам макета од картон и потоа ги осмислувам сите детали низ самото создавање на прототипот.

Зошто одлучивте да учествувате на Паратисима во отсекот мода и дизајн? -Сметам дека Паратисима е еден од најквалитетните и иновативни платформи за дизајн и уметност во нашата земја и со оглед на тоа што веќе има и повеќегодишна традиција и верна публика, сметам дека ќе биде добра промоција за мојот нов бренд.

Vladimir Vidanovski portret

ВЛАДИМИР ВИДАНОВСКИ

Инфо – Се викам Владимир Видановски, живеам во Битола и се занимавам со модна и концептуална фотографија. Моментално сум запишан на Кралската академија за уметност во Хаг, каде што ги започнувам студиите во септември.

Што ja прави Вашaта работа како фотограф единствена, препознатлива, уникатна? По што се разликува од останатите? – Како што кажав претходно, успевам да ја комбинирам модната, односно комерцијална фотографија со концептуалната, преку што мислам дека произведувам уникатни фотографии, со елементи од различни медиуми. Умеам да најдам инспирација во секојдневието, да го истакнам “уметничкото” во сè.

Владимир Видановски 1

Зошто фотографирате? Што најмногу сакате кај Вашата професија и фотографијата? – Фотографирам затоа што со тоа си ја хранам мојата уметничка потреба, нешто што ми е буквално неопходно за живот. Луѓето се моментално она што најмногу сакам и умеам да фотографирам, со тоа што мислам дека ние сме едни од најуникатните субјекти за сликање.

Каде се гледате по 10 години? Какви планови и очекувања имате за Вашата работа? – Во следните 10 години се надевам дека моите способности ќе ги надградам на попрофесионално, рефинирано ниво, преку што и моите дела би се нашле во светки публикации, каде што повеќе луѓе ќе можат да ги видат.

Владимир Видановски 2

Како се одвива Вашиот креативен процес? Што сè е вклучено во Вашата работа како фотограф? – Инспирацијата ја наоѓам на секаде – во музиката, филмот, реалниот свет и фиктивниот. Кога ќе добијам некаква идеја веднаш ја запишувам, па продолжувам да ја развивам преку текст, скици и формирам mood board, односно колекција на фотографии и дела што служат како инспирација и насока на сесијата. После сето тоа следува сликањето. Како фотограф сум задолжен за планирање, концептуализација, организација и продукција на моите проекти. После фотографирањето следи обработката на сликите, во кое понекогаш е вклучено (освен стандардна корекција на бои и слично) некаква фотоманипулација, чистење, графика, па и понекогаш 3D моделирање. Сето тоа е дел од работата во мојата струка.

Зошто одлучивте да учествувате на Паратисима Скопје? -Пред сè, главната цел ми е да стекнам пријателства со луѓе од различни сфери на уметноста од целиот свет. До сега не сум имал шанса да бидам дел од манифестација со размер како што е Паратисима и сум навистина возбуден што ја имам таа можност.

 

pocket-4

POCKET GALLERY

Инфо – Брендот Pocket Gallery го сочинуваат Моника Стојановска, дипломирана на Филолошки факултет „Блаже Конески“ Скопје, на катедрата Италијански јазик и книжевност и Виктор Танасковски, дипломиран на Џез академија „Гоце Делчев“ во Штип.

Што го прави Вашиот бренд единствен, препознатлив, уникатен? По што се разликува од останатите? – Брендот го покажува нашиот сензибилитет пред сè, љубовта кон едноставноста и уникатноста истовремено и нашите измешани вкусови.

18425546_618758918314040_9090100676820454572_n

Зошто дизајнирате? Што најмногу сакате кај Вашата професија и дизајнот? -Дизајнираме за да ги насочиме мислите и енергиите во нешто видливо, за да ја стимулираме секојдневно нашата креативност и за незаменливото чувство кое те обзема кога сфаќаш дека нешто си создал и си го оставил зад себе.

Каде се гледате по 10 години? Какви планови и очекувања имате за Вашиот бренд? – Не размислуваме многу околу иднината, оставаме да не’ водат желбата, уживањето и инспирацијата, тие секогаш го пронаоѓаат вистинскиот пат. Нашето единствено очекување е дека Pocket Gallery ќе продолжи долго да живее без разлика какви промени или форми ќе му следуваат.

18446793_616968691826396_731025845649950005_n

Како се одвива Вашиот дизајнерски процес? Што сè е вклучено во Вашата работа како дизајнери? – Следиме, набљудуваме, анализираме, се инспирираме и сето тоа го претопуваме во идеја што ја споделуваме едниот со другиот. Потоа ги собираме материјалите и со упорност, задоволство и труд ги формираме во нешто што на нас ни е убаво на око и што сакаме да го споделиме со другите што знаат истото да го ценат, да му се радуваат и да уживаат во него.

Зошто одлучивте да учествувате на Паратисима во отсекот мода и дизајн? – Го избравме овој отсек затоа што во последниот период сакаме да се испробаме со дизајн на накит искористувајќи ги малите глинени површини како минијатурни и потенцијални платна за сликање.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 3 досие

    Златни правила за шопинг според Французинките

  • 4 pariski stil досие

    Модни правила кои ќе ви го доближат парискиот шик стил

  • BL5LM5Z7JRFYDLYO2B3O5RCUDY досие

    Приказната за црната вдовица Патриција Гучи

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • hm

    H&M доаѓа во Тетово на 17 јули

    јули 8, 2025
  • 1

    Белата маица евергрин во модата

    јули 8, 2025
  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics