• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
досие 0

Мода и дизајн@Paratissima: Претставување на меѓународните гости Wayfordesign, Меа Батис и Bim & Björk

Од stylist @StylistMKD · На јуни 14, 2017

paratissima

Нова доза на информативни прашалници на изложувачите во делот на мода и дизајн на четвртото издание на интернационалниот саем на современа уметност Паратисима Скопје во која ви претставуваме некои од меѓународните учесници на настанот. После првиот дел на Stylist.mk во кој прочитавте за Нина Нинеска, АТАМИ, Сара Реџиќ и Ксантика, и вториот посветен на Ем Елефантски, Cactus, Светлосна врска, Владимир Видановски и Pocket Gallery, во третиот дел запознајте се со работата на дизајнерот на накит Давиде Голцио (Wayfordesign) од Италија, дизајнерката на облека и накит Меа Батис од Словенија и шведското дуо Bim & Björk кое работи во Германија. Паратисима Скопје почнува утре, 15 јуни и ќе трае до 19 јуни, во просторот на Младинскиот културен центар.

Портрет Давиде Голцио wayfordesign

Wayfordesign,Торино, Италија

Кратко инфо -Се викам Давиде Голцио и работам како дизајнер во Торино, Италија. Мојот бренд е Wayfordesign.

Што го прави Вашиот бренд единствен, препознатлив, уникатен? По што серазликува од останатите? – Накитот од Wayfordesign е оригинален и современ. Едноставни линии полни со ефекти и бои што може да се носат лесно и го бојат Вашето секојдневие. Креацииите се инспирирани од мотоспортот и патуваат со акценти од боја и италијанска креативност кон нови хоризонти. Направени се со 3Д печатење со разни материјали како резина и челик.

wayfordesign2Зошто дизајнирате? Што најмногу сакате кај Вашата професија и дизајнот? – Сакам да креирам и измислувам нови линии од она што го гледам наоколу.

Каде се гледате по 10 години? Какви планови и очекувања имате за Вашиот бренд? – Би сакал да бидам познат дизајнер и да ги продавам моите производи во целиот свет.

wayfordesign1Како се одвива Вашиот дизајнерски процес? Што сè е вклучено во Вашата работа како дизајнер? – Процесот почнува со слободна скица што се доработува во 3Д со компјутер, потоа ја бирам бојата и материјалот и типот на печатач.

Зошто одлучивте да учествувате на Паратисима во отсекот мода и дизајн? – Затоа што учествував на Паратисима во Торино и би сакал да го промовирам мојот бренд во странство.

 

Portret MEA BATIS

 Меа Батис, Словенија

Кратко инфо – Меа Батис е родена во 1981 во Постојна, по средно училиште за Дизајн и фотографија има студирано дизајн на текстил на Факултетот за природни науки и инженерство. Во 2014-тата стекнува Мастер за моден и текстилен дизајн. Нејзината магистерска работа беше номинирана за големата Прешерн награда за студенти, најголемото уметничко признание во Словенија. Нејзината работа (накит, текстилен дизајн, филм, фотографија…) била изложена на 15 самостојни и групни изложби. Нејзиниот бренд се вика еМе (магистерски проект). Брендот содржи рачно изработени предмети и современи парчиња накит од пластични кеси, внимателно осмислени и трансформирани во неверојатни форми, невообичаен накит, што понекогаш личи на склуптури од друг свет.

Mea Batis1

Што го прави Вашиот бренд единствен, препознатлив, уникатен? По што се разликува од останатите? – Брендот еМе е заснован на одржливи дизајнерски производи и селектирани парчиња изработени од пластични кеси што се залагаат за рециклирање на мислите, интегритет, грижа за луѓето и за животната средина.Така, фрлените пластични кеси стануваат симбол на масовното конзумирање и главен материјал за постојано истражување. Новите форми и текстури добиваат естетска вредност и даваат ново функционално значење на рециклирањето на пластичните кеси. Парчињата ги отсликуваат оригиналноста и занаетчиските вештини во целиот креативен процес. Покрај естетската нота, функционалноста на дизајнот е многу важен фактор.

Зошто дизајнирате? Што најмногу сакате кај Вашата професија и дизајнот? – Сакам да решавам проблеми. Во нашиот голем свет имаме огромни проблеми што не можеме да ги решиме, но во светот на дизајнот почнувате со малите нешта што ви задаваат проблем и создавате многу решенија, повеќето не се најдобрите, но отвораат други врати и перспективи. На крајот, секогаш се наоѓа друго решение и друг проблем.

Mea Batis 2

 Каде се гледате по 10 години? Какви планови и очекувања имате за Вашиот бренд? – Се гледам како дизајнер во светот на рециклирањето. Во светот на добриот дизајн што ги отсликува производите во совршена врска меѓу желбите и реалните потреби на конзументите. Соновите што сакам да ги живеам се одржлив дизајн.

Зошто одлучивте да учествувате на Паратисима во отсекот мода и дизајн? – Мислам дека Паратисима е поинаков поглед на нештата за мене, нешто што секогаш ми е потребно.

portrait bimbjork

Bim & Björk, Берлин

Кратко инфо – Ние сме Бим Арнби и Маја Бјорк, Бим и Бјорк, шведско дизајнерско дуо базирано во Берлин. Пред 10 години се преселивме во Берлин и оттогаш имаме направено неколку соработки во независната уметничка сцена. Ова е прва колекција на облеки што ја правиме, Бим ги прави парчињата, а Маја ги прави декорациите. Колекцијата Treasure trasher е инспирирана од улиците и архитектурата на Нојкелн, Берлин, каде често се наоѓа ѓубре и вредни работи на улиците. Колекцијата е целосно произведена од рециклирани материјали, со почит кон работите што веќе постојат на кои им даваме нов живот.

Што го прави Вашиот бренд единствен, препознатлив, уникатен? По што се разликува од останатите? -Секое парче што го правиме е рачно изработено и уникатно. Концептот на рециклирање на материјали го прави целиот процес игрив и спонтан, не може да знаете каков ќе биде крајниот резултат. Деталите и мотивите ни се особено важни.

studio work bimbjork

Зошто дизајнирате? Што најмногу сакате кај Вашата професија и дизајнот? – Заради забавата и фактот дека работиме заедно. Навиканати сме на самостојни проекти кога се работи за дизајн, па предизвик ни е да ги комбинираме идеите и најчесто се подобри отколку што може да ги замислите со својот ум. Два ума заедно се помоќни!

Каде се гледате по 10 години? Какви планови и очекувања имате за Вашиот бренд? – Се надеваме дека ќе продолжиме заедно да работиме и да ги развиваме нашите идеи. Сакаме да патуваме насекаде и да се инспирираме од ѓубрето и вредните работи низ целиот свет!

Како се одвива Вашиот дизајнерски процес? Што сè е вклучено во Вашатаработа како дизајнер? – Почнавме со прошетка во нашиот кварт и сликавме форми, предмети и бои што нèинспирираа. По внимателна селекција ги испечативме фотографиите што најмногу ни се допаднаа за да направиме мудборд заедно со исечоци од списанија што истотака ги најдовме на улица. Од овој мудборд произлегоа боите и мотивите. Бидејќи сите материјали се употребувани, тоа влијаеше на крајниот резултат.

Зошто одлучивте да учествувате на Паратисима во отсекот мода и дизајн? – Возбудени сме што ќе откриеме дел од Европа каде што не сме биле. Го видовме повикот на Паратисима на интернет и веднаш рековме – ова изгледа супер!

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 3 досие

    Златни правила за шопинг според Французинките

  • 4 pariski stil досие

    Модни правила кои ќе ви го доближат парискиот шик стил

  • BL5LM5Z7JRFYDLYO2B3O5RCUDY досие

    Приказната за црната вдовица Патриција Гучи

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics