Инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден вчера го привлече вниманието на јавноста и медиумите, а модните проследувачи забележуваа каква беше модата. Новата прва дама Џил Бајден носеше комплет во сина боја од капут со ревер од кадифе со фустан украсен со кристали и бисери и ракавици, чанта и маска во иста боја. Комбинацијата е креација на американската дизајнерка Александра О‘Нил од брендот Маркаријан. Бојата не е случајна, според дизајнерката таа е симбол на доверба, самодоверба и стабилност.
Камала Харис, новата потпретседателка на САД, се појави во виолетов капут на Кристофер Џон Роџерс, а како што забележавме кај Џил Бајден и нејзината вчерашна комбинација, виолетовата е спој на две бои – црвената што ја означува американската републиканска партија, и сината која е симбол на демократската партија. Камала, првата жена потпретседател и жена со јамајканко-индиско потеко, претставничка на демократската партија, со оваа боја ја испраќа пораката за обединување. Обединувањето и помирувањето е ообено важно после настаните од 6 јануари и нападот на Капитол Хил од страна на Трамповите приврзаници.
Најспецифичен изглед имаше Лејди Гага која што на вчерашната инаугурација ја испеа америкаската химна облечена во драматична креација на модната куќа Скјапарели со впечатлив црвен долен дел во облик на балски фустан. Најголемо внимание привлече нејзиниот масивен златен брош во облик на гулаб, симболот на мир, кој во устата држи маслиново гранче, симбол на помирување.
На инаугурацијата настапи и Џенифер Лопез, која што носеше бела комбинација со потпис на Шанел. Во виолетови тонови беа и пораешните први дами Хилари Клинтон и Мишел Обама. Се чини дека Бајден, Харис, Лејди Гага и останатите, преку своите модни комбинации сакаа да пренесат порака за мир, обединување, помирување и доза на надеж кои сите ја очекуваат со доаѓањето на новиот претседател.
Нема коментари