Од првото појавување на Кроазета во црвениот комбинезон со потпис на Juan Carlos Obando, Блејк Лајвли е во центарот на вниманието на актуелниот Кански филмски фестивал. Русокосата актерка, која го очекува своето второ дете, изминатава недела не престанува да одушевува со својот моден избор и беспрекорниот стајлинг. На црвениот килим во Кан грационзо прошета во модерни и раскошни креации од најголемите модни куќи и дизајнери како: „Шанел“, „Валентино“, „Версаче“, Вивиен Вествуд…

Во комбинезон од Juan Carlos Obando
Сите очи беа вперени во нејзе кога се појави во кадифениот жолт фустан во стилот на 70-тите од Valentino , како и на премиерата на новиот филм на Вуди Ален, Cafe Society, каде што игра и Лајвли. Беше облечена во секси транспарентна крем креација од Atelier Versace, збогатена со кристали од Swarovski. Следеше шик белата креација со наметка од Giambattista Valli, црвеното мантилче од „Шанел“, Salvatore Ferragamo и други.

Блесна во кадифениот жолт фустан во стилот на 70-тите од Valentino
Како вистинска дизни-принцеза беше во раскошната бела креација од Вивиен Вествуд во која изгледаше како Пепелашка и сината секси тоалета, специјално направена за нејзе, со која потсети на Елса од анимираниот филм Frozen. Со овој фустан конечно убаво се виде мешето на бремената актерка.

На премиерата на новиот филм на Вуди Ален, Cafe Society, беше облечена во секси креација од Atelier Versace
Сите стајлинзи беа комбиниранис о дисретен накит и чевли на високи потпетици-нешто што езаштитен знак за Блејк, која не ги замени со ниски чевли ни во претходната бременост. Шминката беше нежна, природна, а костата дури и кога беше собрана имаше доза на лежерност. Со секое свое појавување потврди дека таа е новата американска модна икона, спој меѓу екстраваганцијата на Сара Џесика Паркер и џик елеганцијата на Гвинет Палтроу.

Како вистинска дизни-принцеза – во раскошната бела креација од Вивиен Вествуд

Лајвли како современа Пепелашка на црвениот килим

Како Елса од Frozen во фустан од Atelier Versace

Шик креација со наметка од Giambattista Valli

На вечерата на Vanity Fair носеше креација од новата коелкција на „Шанел“

Со палто од Salvatore Ferragamo
Нема коментари