Добар крој, квалитетна ткаенина и модерен стил е она што се бара кај модната комбинација најзастапена во деловниот свет – костимот од сако и панталони. Овој комплет за во канцеларија не смее да изгуби од женственоста, а секако треба да биде со осовременета естетика и со тренди елементи. Најдобрата верзија во моментов е оваа – темносин костим од дворедно сако и модерни широки панаталони со висока половина. Темната боја е соодветна за корпоротавниот свет и за професиите со построг деловен дрескод, доколку работното место дозволува, овој модел во пролет може да го носите во посветли тонови и од ленен материјал.
Нема коментари