Ова модно парче често го ставаме во сексапилен и вулгарен контекст, понекогаш како дел од кичеста комбинација, но оваа зима мрежестите хулахопки ги носиме на сосема поинаков и доста непредвидлив начин. Повеќе рокерски, отколку женствен. Уличната мода, Инстаграм и Пинтерест се супер извори за инспирација, а најхит е комбинацијата на мрежести хулахопки облечени под искинати фармерки. Трендот оди дотаму што горниот дел од хулахопките, кој вообичаено сакаме да го скриеме, сега треба да ѕирка од фармерките.
Мрежестите хулахопки се комбинираат во бохо комбинаци (со цветна или везена облека), со гранџ-стилот (краток фустан во стилот на 90-тите и моторџиски чизми), со кожени здолништа, џемпери, кадифени фустани, патики… колку понеобично, толку подобро. Можеби сте од оние што овој моден детаљ не го носат и сметате дека мрежестите хулахопки никако не би ви стоеле добро, но сега имате огромен број на примери како да ги споите во вашиот стил без да изгледате смешно.
Нема коментари