Модните детали се важен дел од комплетниот изглед, парчиња кои се потребни – без чевли сте боси, без капа сте незаштитени, без чанта сте без елемент за чување на работите потребно во текот на денот… Но, во исто време овие детали зборуваат за личниот стил, изборот на модни додатоци е израз на тоа како ја сфаќате и применувате модата.
Пример се и ракавиците, толку многу потребни во студените месеци затоа што ги заштитуваат и греат рацете, но и детаљ кој остава впечаток, привлечен е на изглед, трендовски додаток кој го открива вашиот стил. За оваа сезона есен-зима 2020/21 модните дизајнери предложија бројни примери на ракавици – кожени, кратки или долги над лактот, во разни бои и надополнети со украси. Одберете модел кој одлично ќе го надополнува вашиот личен стил.
Нема коментари