На неодамнешното доделување на наградите на Британската академија BAFTA на црвениот килим се појави бројни познати лица од филсмкиот свет, меѓу нив и Кејт Мидлтон, Принцезата од Велс, која привлече внимание со својот изглед.
Таа на црвениот килим носеше бела креација со потпис на Александар Меквин и црни долги ракавици, а својот формален изглед го дополни со долги обетки – со потпис на Зара.
Токму овие впечатливи цветни обетки привлекоа внимани кај модните вљубенички, бидејќи доаѓаат од бренд со достапна цена, a погледнавме дека овој модел на каскадни обетки со цветови на страната на Зара чинат 999 денари. Но, овој модел повеќе не е достапен бидејќи е распродаден, но поради побарувачката овие обетки ќе ги најдете на Ebay каде што се продаваат или наддаваат по цена над 100 евра.
Нема коментари