Ниските влечки со мала доза на елеганција се хит сезонава и го наследија трендот на „Гучи“ влечките. Оваа верзија на летни обувки е поразлична од спортските или влечките на Birkenstock, воведува шик расположение и може да се носи во различни пригоди. Доминираат влечки во минималистички стил, потоа со геометриски форми, панделки и украси од бисери и светкави мониста. Слични стилови може да се најдат и кај брендовите достапни кај нас, како „Манго“, „Зара“, „Бершка“, а за модна инспирација еве како познатите модни блогерки ги комбинираат во својот стил.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари