Шпанскиот моден бренд Mango неодамна ја претстави екоколекцијата Committed, а креациите од оваа линија на одржлива мода може да ги најдете и во нашите продавници на брендот. И вие може да ги комбинирате одржливите парчиња по примерот на светските модни познавачи кои се препознаа во новите модернистички креации. А најпопуларни парчиња кои може да се забележат во стилот на блогерите и инфлуенсерите се белата блуза со врвка околу вратот, краткото асиметрично здолниште (исто така со врвка) , белиот ленен фустан со црни копчиња, панталоните со висок струк и вграден ремен, лежереното минт-зелено сако… Да ги огледнеме нивните комбинации со Mango Committed парчињата.
2 Коментари