Актерката Моника Белучи (55) беше специјална гостинка на настанот на Американската акедемија за филм што се одржа вчера во Рим. Таа привлече внимание со својот изглед, новата пократка фризура во форма на растурен боб и модната комбинација од црн костим со широки панталони и секси проѕирен корсет. Костимот можеби изгледа формално, но корсетот на комбинацијата и на изгледот на Моника им додаде заводлив карактер.
Нема коментари