• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Цаци Паковска за изгледот на Каролина Гочева од саботниот концерт во Скопје

Од stylist @StylistMKD · На декември 15, 2014

1

Каролина Гочева ја заокружи успешната година со голем спектакуларен концерт што се одржа во саботата во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, а на кој изгледаше елегантно и моќно во бел фустан со структурален крој изработен по идеја на стилистката Цаци Паковска која повеќе од една деценија се грижи за модниот изглед на пејачката. Паковска го направи стајлингот за овогодинешните концерти на Каролина во Охрид и Битола, нејзин дизајн се креациите од серијата настапи што пејачката ги одржа во февруари годинава во МНТ, а го осмислува секој нејзин јавен настап. Пејачката често се наоѓа на листите на најдобро облечени македонски личности, покрај музички добива и модни пофалби, во што секако голем удел има соработката и стајлингот на Паковска. Ја контактиравме Цаци по концертот да ни објасни за последниот моден избор на нашата најуспешна пејачка.

2

Последни подготовки пред Каролина да се појави на сцена

-Сметам дека Каролина со тек на времето изгради свој имиџ по кој е препознатлива на македонската поп сцена. Јас како нејзин долгогодишен стилист, се обидувам да го погодам нејзиниот сензибилитет и се разбира да го следам оној стил за кој и двете веруваме дека е најдобриот за неа. При изборот на некоја креација, или пак при креирањето на некој фустан, веднаш помислувам на песната, настанот и правам избор на гардероба која таа би требало да ја носи. Се разбира, како стилист одлучувам за комплетниот нејзин изглед, вклучувајќи ги модните детали, чевлите, шминката и фризурата. Но, нашиот успех не може да биде реализиран без тимска работа. Долги години работиме една иста екипа, и затоа ни е многу лесно да се разбереме, а освен тоа и одлично се забавуваме кога сме сите на куп – ни отрки Паковска.

3

За последниот голем концерт на Каролина што се одржа во саботата Цаци се одлучи за еден едноставен, прочистен црно-бел изглед. Таа вели дека секој пат се обидуваат пријатно да ја изненадат публиката со стајлингот.

-Верувам дека и овој пат успеавме во тоа. Често пати сакам да си поигрувам со стајлингот на Каролина, да го задржам нејзиниот личен стил, но никако да не бидеме предвидливи. Односно кога луѓето очекуваат дека таа ќе се појави во свечен балски фустан, таа се појавува во кожена јакна. Уште пред два месеци точно знаевме како сакаме таа да изгледа за овој голем концерт. Во глава го имав фустанот, дилема ни беше бојата, но сепак на крајот се одлучивме за црно-бела варијанта, бидејќи сцената ја обожува оваа комбинација. Решивме да ги истакнеме најубавите делови од нејзиното тело, а со наборите и машната да додадеме елеганција и волумен на нејзиното тело. Чевлите ги купивме од Милано, од Џузепе Заноти, а накитот го земавме од „Тесоро“ Се работеше за златен накит, кој беше ситно избрусен и оддаваше впечаток дека се работи за накит со светкави кристали, што всушност и не беше. Во секој случај, формата, односно архитектурата на фустанот ни беше најважна. Што се однесува до шминката, секој пат се обидуваме да не експериментираме со многу боја и интензитет, бидејќи во преден план треба да се долови нејзината препознатлива природна убавина. За шминката се грижи Дадар, но на многу настани, Каролина  ја шминкам и јас. За фризурата постојано се грижат Сретен и Јасмина од „Студио арт“, со кои, исто како и со Дадар, имаме одлична соработка и дружење. Идеите за фризури се мои, но екипата секогаш совршено ги спроведува моите идеи. Генерално кажано, со изгледот на Каролина никогаш не импровизираме, секој детаљ е посебно смислен и реализиран со посебно вниманиеи задоволство. На целата екипа која се грижи за изгледот на Каролина, ни останува и во иднина пријатно да ве изненадуваме со нашата работа – вели Паковска. (K.T.)

2a

Цаци, Дарар и Сретен со години се дел од тимот на Каролина задолжен за нејзиниот изглед

5

 

Дадаризгледот на познатитеКаролина ГочеваконцертСретен КостиќстајлингЦаци Паковска
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

  • ana моден монитор

    Нашата позната манекенка Ана Калачоска со венчавка од соништата

  • METGALA моден монитор

    Црвениот килим на Мет Гала 2025 во знакот на машката облека во контекст на црнечкиот дендизам

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

    мај 13, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ana

    Нашата позната манекенка Ана Калачоска со венчавка од соништата

    мај 12, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025
  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

    април 23, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics