Познатиот дизајнер на чевли Маноло Бланик дебитираше на London Collection Men со презентација на машки модели која што се одржа во музејот на Сер Џон Слоан. Помеѓу римските и грчките статуети и релјефи во музејот на што архитектот Џон Слоан го отвори во почетокот на 19 век, Маноло нареди неколку серии на машки чевли кои се движат летни сандали преку разни видови на чизми до модели во оксфорд-стил во кафена и црна боја. Има дури и патики. Бланик кариерата ја почна дизајнирајќи за мажи, па не е на непозната територија, а редовно ги дизајнира и обувките што самиот ги носи. Тој вели дека креира машки чевли паралелно со женски, но акцентот никогаш не бил ставен токму на нив. Сега Маноло претставува машка колекција по совет на неговата внука Кристина, инаку извршен директор во неговата компанија, која му пренела дека купувачите постојано бараат негови машки креации на местата како стоковната куќа Harrods. Можеби и машките чевли на Маноло ќе станат светски препознатливи како неговите женски креации…
Нема коментари