Чантите со големи логоа долго време се сметаа за омразен, исмејуван и сосема непристоен тренд, врв на невкусот во кој уживаат новобогаташите од Источна Евтопа и Русија. Но клучните модни брендови решиле да го вратат овој тренд и ги претставија моделите Louis Vuitton Palm Springs, Dior Oblique, Fendi Twins, а во приказната се вклучи и Gucci во чии колекции доминираат чантите со видливи монограми.
Логото врз чантите, торбите и куферите го воведе Луј Витон уште во 1850 година, низ годините се менуваа стиловите „со“ и „без“ логотип, последниве сезони се преферираа ненаметливи и елегантни чанти, но се чини повторно се враќаат креациите со видливо лого не само како статусен симбол туку и како моден израз. Ријана стана вистинска колекционерка на нови и винтиџ модели со лого, а монограм-чантите често ги носат Бијонсе и Кендал Џенер, ѕвездите на уличната мода и модните авторитети, правејќи ги старо-нов посакуван моден додаток.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари