• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

СИНДИ КАРАЏА: Колекцијата Mystical Dawn на QUEEN Haute Couture содржи префинети, моќни и бајковидни венчаници

Од Катерина Трајановска · На декември 17, 2018

1

Емоцијата што ја предизвикува изборот на невестинскиот фустан често е врзанa со мистичноста на девојката која треба да ја донесе вистинската одлука – со оваа мисла дизајнерката на венчаници Синди Караџа го почнала креирањето на новата колекција Mystical Dawn. Таа и својот тим од брендот QUEEN Haute Couture со секоја клиентка го создаваат тој мистичен спој на нивниот креативен дизајн и на желбата на идната невеста да го пронајде венчалниот фустан кој најдобро ја одразува нејзината личност. За новата колекцијата уловена во фотосесијата што ја потпишува фотографот Дарко Мораитов и за приказната за QUEEN Haute Couture зборувавме со Синди која за почеток ни раскажа како одлучила да се занимава со креирање на венчаници.

queen haute couture (1)

- Мојата приказна со креирањето започнува многу одамна, пред нешто повеќе од 15 години.  Отсекогаш бев фасцинирана од рачната изработка на деталите и сакав да создавам креации кои ќе пленат со својата уникатност, високиот квалитет и преку кои ќе можам да ја изразам својата креативност. Иако бев многу посветена на својата работа и дарбата секогаш резултираше со успех, сакав својот талент да го потврдам и надградам, па поради тоа решив да заминам во Турција каде завршив академија за моден дизајн. Во исто време поседував и свое ателје за венчаници во Истанбул, но секогаш нешто ме враќаше назад, дома во Скопје. Поради таа причина, пред скоро 9 години започнав приказната за QUEEN Haute Couture, брендот кој благодарение на целиот негов тим, работи успешно и ја остварува својата цел, а тоа е да понуди едно неверојатно искуство на своите невести.

queen haute couture (12)

Во моментов е актуелна вашата колекција Mystical Dawn, кажете ни повеќе за инспирацијата за новите креации?

- QUEEN Haute Couture секоја година во декември ја промовира својата нова колекција на невестински фустани за престојната сезона.

За мене како креатор најважен е квалитетот на материјалите со кои се изработуваат фустаните, па секогаш подготовката на новата колекција започнува со одбирање на соодветните материјали. Емоцијата која ја носи изборот на невестинскиот фустан често е врзан со мистичноста на девојката која треба да ја донесе вистинската одлука. Тие знаат да бидат отворени за соработка, да прифатат сугестии и предлози од нас како тим, но на крај секогаш изборот се сведува на оној фустан кој ги одразува нив како личности и кој е секогаш одлика на нивниот карактер. Едноставни, а сепак префинети, моќни, но нежни и бајковити.

queen haute couture (13)

Кои стилови, бои, форми, материјали ги употребивте во новата колекција?

-Mystical Dawn е колекција која содржи 13 нови невестински фустани, различни по својот крој, од елегантни, тесни кроеви до раскошни балски фустани, изработени да ја задоволат секоја желба на идните невести. Помеѓу нив најзастапена е нијансата на шампањ која е природна нијанса на материјалите. Деталите на фустаните се рачно изработени со везови од природни бисери, монистри и кристали.

queen haute couture (3)

За колекцијата подготвивте и фотосесија со Дарко Мораитов…

- Дарко Мораитов е дел од тимот кој што работи на фотосесиите на QUEEN Haute Couture подолго време, веќе пет години тој е задолжен за фантастичните фотографии кои се резултат од фотосесиите. Како професионалец со Дарко Мораитов е многу лесно да се соработува, бидејќи кога сме веќе во студио или на соодветната локација, работата е половина завршена. Тој е дел и од креативниот тим на QUEEN Haute Couture, со своите идеи и предлози секогаш има значајна улога во финалниот производ.


View this post on Instagram

The “Mystical Dawn” collection by Sindi Karaca . . . #queen #queenhautecouture #queenbrides #weddingphtography #weddingphoto #weddingvideo #weddingdresses #weddingdress #bridebook #luxurygown #luxurywedding

A post shared by Queen Haute Couture (@queenhautecouture) on Dec 7, 2018 at 7:14am PST

Зад видеото кое беше изработено од фотосесијата стои младиот креативец Дарко Митев. Прекрасната сценографија и специјалните ефекти беа дело на ДВД 5, кои успеаа мистичноста да ја доловат на најдобар начин. На овој проект соработувавме и со Даниел Николовски кој се погрижи изгледот на моделите Јана и Ивана да биде во совршен сооднос со темата на колекцијата и фотосесијата. Благодарение на Коњичкиот клуб „Бравадос“ имавме можност да сликаме и со прекрасниот Чарли.

Снимањето на фотосесијата помина во исклучително пријатна атмосфера, професионална, но сепак опуштена. Доволно долго се спремавме за истата и секој детаљбеше убаво организиран што доведе до успех од кој сите страни се задоволни.

queen haute couture (6)

Каде може да се најдат венчаниците од оваа колекција? Каде всушност се продаваат креациите на Синди Караџа?

- Венчаниците од оваа колекција се изложени во ексклузивното ателје на QUEEN Haute Couture во центарот на Скопје. Единствено таму може да се најдат сите мои креации.

Од досегашното искуство и работа со клиенти, може ли да направите пресек на тоа што најмногу сакаат македонските невести, какви венчаници најмногу бираат?

- Како што спомнав претходно, кога станува збор за изборот на најважниот фустан во животот на една девојка, различни се желбите во врска со тоа кој е вистинскиот, совршениот. Сепак, поголемиот дел се одлучуваат за балски, раскошни венчаници со цел да го остварат својот сон кој го имале уште како мали, кога повеќето се замислуваме како принцези од некоја бајка.

queen haute couture (10)
Кои се светските трендови во однос на свадбените колекции и кои од нив се среќаваат и во вашите колекции?

-Експанзијата на социјалните мрежи и достапноста на информациите прави идните невести да бидат во тек со она што се нуди како светски тренд за невестински фустан. Добрата страна на тоа е што благодарение на нивната желба за истражување, често знаат да го одредат кројот на фустанот или пак приближно да го одредат она што на крај, со моја помош, ќе биде финалниот изглед на нивниот фустан. Трендовите  кои што можат да се сретнат и во моите колекции најчесто се одразуваат врз изборот на материјалите кои многу често се исти со оние на светски познатите креатори. Мојата цел е да им го доближам она што се нуди надвор од нашите граници, да имаат фустан со квалитет како на големите модни куќи, а сепак да биде наша, домашна изработка. Квалитетот за мене е незаменлив фактор, кога имате квалитетен материјал, производот секогаш ќе биде остварување на сонот.

queen haute couture (2)

Кој е најважниот совет што им го давате на вашите клиентки – идните невести? На што најмногу да обрнат внимание кога бираат венчаница?

-Најважниот совет и она што јас често го велам е дека треба да се одбере оној фустан кој на нивните лица ќе ја донесе најубавата насмевка, фустанот кој преставува сè што тие отсекогаш сонувале, фустанот кој ги прави да се чувствуваат посебни, единствени. Доколку го немаат чувството кое им вели дека ја направиле вистинската одлука, дека тој е тој фустан, потрагата не е завршена. Многу е важно на кој креатор ќе ја доделат својата доверба, сепак се работи за најважниот фустан.

queen haute couture (14)

Дали би се одлучиле за креирање и други, секојдневни колекции или сепак во дизајнот на венчални фустани најмногу се пронаоѓате?

- Работењето со невести за мене е секојдневие кое ни би го заменила со ниту една друга професија. Фактот дека сум дел од најсреќниот период од нечиј живот за мене преставува мотив кој со години ме прави сè поисполнета, позадоволна од себе на професионален план. Довербата која што ја добивам од девојките се преточува во енергија која мојот успех го гради врз остварување на сонови и желби. Работејќи ја оваа професија, за мене најголема награда е насмевката на идната невеста кога себе си ќе се види во оној фустан во кој се замислувала уште како мала. Јас тогаш знам дека својата работа сум ја завршила онака како што се очекувало од мене.

MOR_1122

queen haute couture (4)

queen haute couture (5)

queen haute couture (9)

queen haute couture (15)

queen haute couture (11)

queen haute couture (16)

Mystical DawnQueen Haute CoutureвенчанициДаниел НиколовскиДарко Мораитовколекција венчаницимакедонски дизајнмакедонски дизајнериСинди Караџафтотосесија
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

    мај 13, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ana

    Нашата позната манекенка Ана Калачоска со венчавка од соништата

    мај 12, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025
  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

    април 23, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics