• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
модни додатоци 0

На плажа и в град со сламен шешир

Од stylist @StylistMKD · На јули 22, 2016

slamen sesir (3)

Бохо-кошула, џинс-шорц, кафтан-фустан, сандали, очила за сонце, голема торба и сламен шешир се седумте неопходни парчиња за в лето, што ги купувате еднаш, а ги носите со години. Околу нив се врти идеалниот лежерен изглед за на плажа. Но, тие не се наменети само за на одмор, туку може да ги носите во вашите кежуал изданија в град.  Не се врзани со трендови, ниту со одреден стил, тие се секогаш актуелни и прилагодливи во различни комбинации.

slamen sesir (32)

При изборот на шешир за на плажа имајте на ум дека тој пред сè треба да биде функционален и да ве заштити од силните сончеви зраци,  затоа квалитетот треба да биде приоритет. Покрај тоа што треба добро да легне на вашата глава, треба да го сокрива барем пределот околу лицето и вратот, а пошироките модели – рамената и горниот дел од торзото, кои најчесто се изложени на горење.

slamen sesir (56)

Иако постојат машки и женски модели на шапки, кај сламените шешири  границите често се избришани. Доста се носат сламените варијанти на федорите, на качкетите, морнарските модели, како и ретро капите од почетокот на минатиот век, со дебела црна и темносина лента. Моделите со помала стреа можете лесно да ги носите во повеќе градски комбинации, додека тие со драматична лелава стреа се идеални за ден поминат на сонце или плажа.

slamen sesir (92)

Покрај стандарната светлокафена, бела и жолтеникава нијанса, може да изберете и сламен шешир сенчан со повеќе тонови, или пак во некоја впечатлива боја (портокалово, зелена, сина, розова, виолетова…). Похрабрите може да набават црн шешир, кој има широка примена и во другите сезони.

slamen sesir (100)

Летово одлично се вклопуваат во бохо-стилот, и се  идеална комбинација со блузите и фустаните со голи рамена. Во урбана средина може да ги носите буквално со сите летни фустани, килот панталони комбинирани со бохо кошули, или пак со мини здолништа и краток топ. Му даваат лежерен и ретро шмек, но дури и машките модели на шапки, знаат да ве направат поженствени и грациозни.

slamen sesir (93)

Стариот, но добро зачуван шешир, можете да го освежите со некова врвца или панделка, марама, или пак да вметнете некој украс, цвеќе, колоритни топчиња и слично.

slamen sesir (29)

slamen sesir (2)
slamen sesir (94)

slamen sesir (79)
slamen sesir (77)

slamen sesir (59)
slamen sesir (70)
slamen sesir (40)
slamen sesir (44)

slamen sesir (31)
slamen sesir (30)
slamen sesir (28)
slamen sesir (53)
slamen sesir (49)
slamen sesir (50)
slamen sesir (48)
slamen sesir (47)

slamen sesir (98)
slamen sesir (99)

блуза без раменабохо стиллетоплажасламен шеширфустан со голи рамена
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 crveni hulahopki модни додатоци

    Црвените хулахопки тренд на кој не можеме да оддолееме

  • 1 модни додатоци

    Шапката најелегантниот зимски моден додаток

  • 1 модни додатоци

    Мокасините на платформа стилски императив веќе неколку сезони

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics