Сандра Камилоска која што го потпишува младиот македонски бренд „Мала Камила“ вечерва ќе ја претстави новата колекција Peculiar преку моден перформанс во скопското кафуле „Кантина“. Настанот е закажан за 21 часот, а е дел од серијалот на десетте настани Neuland Nights, организирани од Neuland, Reborn и Сектор 909 кои се одржуваат на различни локации во Скопје.
Со Сандра, нејзиниот моден израз и новиот бренд се запознавме пред неколку месеци и ни беше кул соговорник кога ја претставуваше првата колекција Woman. Вечерва ќе ја видиме третата колекција именувана Peculiar преку модна ревија/перформанс, а за музиката ќе се погрижи UX (Oubli).
Повеќе за брендот и креациите на Сандра на следниве линкови:
Современа доза женственост во колекцијата Woman на новиoт македонски бренд „Мала камила“
Нема коментари