Како и секоја друга поголема церемонија на доделување на награди, синоќешните телевизиски награди „Еми“ повторно ни открија поглед во светот на модата, а црвениот килим изобилуваше од разни модни комбинации и стајлинзи, бои и елеганција, но и непредвидливи стилски изгледи. Пофалби добија Сара Полсон која беше облечена во зелен светкав фустан со длабоко деколте од „Прада“, Пријанка Чопра во жар црвен фустан од Џејсон Ву и манекенката Емили Ратајковски во темно сина тоалета од Зак Посен, а меѓу добро стилизираните се најдоа и Кери Вашингтон, Софи Тарнер, Кристен Бел, Софија Вергара и Сара Хајленд.
Нема коментари