• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
досие 0

Најпечатливите колекции од Париската модна недела

Од stylist @StylistMKD · На март 6, 2014

Од супермаркетот на Карл Лагерфелд кај „Шанел“, футуристичкиот панк кај Жан Пол Готје, новата женственост кај „Живанши“, па до возбудата што тоа Никола Гескиер ќе прикаже во првата коелкција за „Луј Витон“, Париската модна недела донесе голем број креации за есен-зима 2014/15 кои балансираат помеѓу авангардноста и луксузниот стил на големите француски модни куќи.

1

ЛУЈ ВИТОН – Првата колекција на Никола Геские за францускиот бренд донесе модни стилови од 70-тите години, нови модели на чанти и многу лакирана кожа.

2

ШАНЕЛ – Карл Лагерфелд луксузните парчиња на модната куќа ги претстави со сценографија на супермаркет. Феноменално или или дизајнерот направи штосно и иронично „тролање“ на модниот свет!?

3

ВАЛЕНТИНО – Ретро принтови и силуета од 60-тите; вечерни фустани од деликатен тул и вез; тантела и кожа; ромбови, цветен дизен и оп-арт точки.

4

СЕН ЛОРАН – Наместо гранџ, Хеди Слиман прикажа облека во мод-стил која најмногу се забележува во мини фустаните и здолништата во А-линија.

5

ЕЛИ САБ – Долги фустани украсени со светки, омбре-нијансирање и цветни пари, Саб создава модели како измислени за црвен килим. Пример!? Еден сличен модел избра Анџелина Џоли на последните „Оскари“.

6

СТЕЛА МАКАРТНИ – Британката во Париз прикажа нослива, забавна и енергична колекција со волуменозни блузи, асиметрични џемпери, кратки фустани и широки капути.

7

СЕЛИН – Фиби Фајло со уште едно успешно претставување: миди здолништа, асиметрични кроеви и долги џемпери. Строгите изгледи се раскршени со женствени детали како брошеви, пердуви и обетки на едно уво. Не сме воодушевени од чевлите, ама остатокот е шик!

8

ХАЈДЕР АКЕРМАН – Посмирена колекција споредено со претходните, со акцент на пригушени бои, реминесценција на минимализмот од 90-тите и елементи позајмени од машката облека.

9

ЖАН ПОЛ ГОТЈЕ – Панк за 22 век! Мешавина на елементи од британската панк сцена со футуристички детали, металик-ткаенини, рефернци на астронаутски одела, кариран дезен и манекени од сите возрасти на сцената.

10

КЕНЗО – Дизајнерите на брендот се фокусираа на силуетата, на волуменозни глок здолништа и на широки јакни и капути, сето тоа со помош на живописни бои и хипнотизирачки линии.

11

ЖИВАНШИ – По уличната естетика и Бамби блузоните, Рикардо Тиши сега ја слави новата елегантна женственост преку едноставна силуета, свилени фустани и впечатливи шари.

12

ИЗАБЕЛ МАРАНТ – Дизајнерката повторно напаѓа со препознатливите елементи: маркантни раменици, кежуал панталони и секски-кул здолништа. Новини се карираната облека во кафени тонови и црно-белите плетива.

13

ДИОР – Мајсторот на високата мода Раф Симонс се потпира на стилот на Кристијан Диор преку колекцијата на едноставни линии и класични кроеви, повеќеделни фустани во контрасни бои, костими и совршено скроени палта и фустани со светкави апликации.

14

ЛАНВИН – Екстравагантна ревија со која Албер Елбаз демонстрира луксузна облека од свила и крзно со нагласен волумен, едноставен крој и многу набори.

15

БАЛМАН – Вака треба да изгледа хип-хоп високата мода, нели? Куќата предлага раскошни здолништа, животински принт, карго-јакни, златни ланци и кожни фустани во стилот на 80-тите.

16

ДРИС ВАН НОТЕН – Белгискиот дизајнер прикажа хавајски цветови, графички шари, неонски бои и широки форми. И повторно воодушеви!

17

БАЛЕСИЈАГА – Во колекцијата на Александар Ванг доминира спортски шик во минималистичка изведба: волуменозни парка јакни, нагласени раменци, панталони со трапезоиден крој, фустани со ѕвонест крој и мноооогу патенти.

БаленсијагаВалентиноДиорДрис Ван Нотенесен-зима 2014/15Жан Пол ГотјеЛанвинЛуј Витонпариска модна неделаСелин Ели СабСен Лоран
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 3 досие

    Златни правила за шопинг според Французинките

  • 4 pariski stil досие

    Модни правила кои ќе ви го доближат парискиот шик стил

  • BL5LM5Z7JRFYDLYO2B3O5RCUDY досие

    Приказната за црната вдовица Патриција Гучи

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics