Главниот дизајнер на „Живанши“, Рикардо Тиши, создаде модерни, шарени и удобни патики во соработка со компанијата за спортска оперма „Најк“. Првата серија од пролетната колекција ќе се најде во продавниците на 21 март. На моделите, покрај логото на „Најк“, ги има иницијалите и на дизајнерот, Р.Т. Првите патики пуштени на пазарот ќе бидат со бела основа. Креаторот призна дека изминатите 15 години најчесто купува бели „најки“, па затоа линијата Nike Air Force 1 ја почнува со такви дизајни, со кафени, крем, жилти и црни шари. Покрај белите парчиња, има и црни, во повеќе форми: класични, со висок глужд и патика-чизма. Патиките се еден од најголемите модни трендови за оваа сезона. Во своите колекции ги вметнаа дури и модните куќи за висока мода, како што е „Шанел“.
Нема коментари