Ако сте во потрага по модел на панталони кој најдобро ќе одговара на вашата силуета и визуелно ќе ги издолжи нозете, модел кој ќе можете да го носите и на работа и за викенд и за излегување, тогаш одберете панталони со следниве пропорции – висока половина, долги ногавици, широк крој и звонести во долниот дел. Овој модел на панталони одлично ѝ ласка на силуетата и одговара скоро на секоја градба на тело. И е голем тренд!
Поради тоа што се со екстра висок струк, прават нозете да изгледаат многу подолги. Волуменот дозволува балансирање на силуетата, како и покривање или акцентирање на одредени делови на делото. За модерен деловен изглед, изберете панталони кои се умерено широки и во неутрална нијанса.
Нема коментари