Како што се менуваат трендовите во облеката и модните додатоци, така и светот на убавината го следи брзиот ритам на пласирање нови тенденции во шминката и фризурата. Па заедно со есенските модни трендови, еве една новина во однос на бојата на косата – розово-златна, нијанса која изгледа привлечно и ненападно, и која според стилистите одговара скоро на сите жени. Овој концепт на боја го промовира и актерката Ема Робертс која се бојадиса во оваа нијанса уште во март годинава, а тенденцијата брзо се прошири во Холивуд, на Инстаграм и меѓу бројните љубители на модата.
Овој начин на бојадисување на косата потсетува на потсетува на есенските паднати листови и на тоновите од зајдисонцето, што уште повеќе го прави неодолив. Навидум неконвенционална, оваа боја е мошне прифатлива поради нежноста и неупадливоста, а позитивен аспект е што ласка на секој тен. Го ожувува изгледот, но не толку впечатлив начин.
Нема коментари