Авангардниот стил на дизајнерката Реи Кавакубо од Comme des Garcons како тема на овогодинешната изложба во музејот Метрополитен во Њујорк, ја наложи тематиката на црвениот килим на претходницата на отворањето на изложбата – Мет Гала настанот, што се отслика како во изборот на облеката, така и во стајлингот на шминката и фризурата на присутните. Од црвено-розовите тонови на Ријана, преку структуралните виткани коси на Роуз Брн и Зендаја, до сребрено обоената глава на Кара Делевињ, ова се најнеобичните и најсмелите бјути изгледи од црвениот килим на Мет Гала 2017.
Нема коментари