Ѓерданите и алките во облик на златен синџир се повторно актуелни, за оваа сезона тие се комбинираат со бисерни детали. Ги забележавме на ревиите на Шанел и Москино, во вид на масивни синџири во микс со бисерни топчиња. Некогаш тоа се слоеви од синџири со бисерни привезоци, или пак слоеви од синџирести ѓердани и неколку бисерни ланчиња или алки.
За посмирен изглед добра идеја еден поделикатен синџир-ѓердан во микс со еден ѓердан со нежни бисерни топчиња. Од вас и вашиот стил зависи дали ќе изберете помасивни парчиња накит, или пак некој поминималистички накит во овој стил од синџир и бисери.
Нема коментари