Секое утро се прашувате ‘Што денес да облечам за на работа?’ и секое утро одново пребарувате по облеката со намера да ја постигнете вистинската комбинација. Еве неколку идеи прилагодени за летната сезона кои се комбинација на класични и трендовски парчиња, а кои може да ви помогнат при следниот шопинг. Веројатно веќе имате некои од овие парчиња во вашиот гардеробер, а овие фотографии само ќе ви дадат идеја како да ги склопите.
Умерен изглед со трендовски широки панталони во класична сива боја во комбинација со асиметричен горен дел со пеплм крој и коцкеста чанта
Деловен стајлинг за оние што сакаат спортски елементи – панталони и блуза со едноставен крој, а користени се бела боја и неутрални нијанси
Впечатливо здолниште како почетен елемент, во комбинација со контрасна кошула со точки и удобни чевли. Супер идеја за оние што сакаат јаки бои
Идеја познајмена од Џесика Алба – краток топ и шарено здолниште со висока половина за ултра трендовски деловен изглед
Белета боја е идеална за лето – изберете класични панталони и горен дел со интересен крој (пеплум, на преклоп или со апликација од тантела)
Веќе имате бела кошула и класично црно здолниште, еве како да ја модернизирате комбинацијата – додадете впечатлив ремен, обујте интересни чевли и изберете неколку детали во интензивна боја (очила за сонце, чанта или ѓердан)
Бело миди здолниште кроено во круг, класична кошула во светли сина боја со подвртени ракави, беж сандали, чанта со необичен дизајн и алки наредени на едната рака = совршен изглед!
Нема коментари