Професионалната облека е важен сегмент за секоја деловна жена, а модерниот бизнис-стил императивен за секоја што сака да биде современа и успешна во работата. Таа треба да биде облечена по правилата на деловниот имиџ, но не смее да биде предвидлива и досадна во изгледот. Што е важно? Ако изберете костим, панталони или капут, тие мора да бидат со осовременет крој, заборавете на демоде и теткинските модели купени пред некоја деценија. Следете ги трендовите и советите наменети за деловни жени и научете како да бирате вистинско молив-здолниште или модерна кошула со панделка околу вратот. Инвестирајте во квалитетна облека од природни материјали и избегнувајте ги нападните шари и вулгарните стилови. Но повремено вметнувајте некој непредвидлив елемент, како на пример мек ролка-џемпер, широки кожени панталони или здолниште на преклоп за кои стилистите до пред извесно време сметаа дека не им е местото во корпоративна канцеларија.
Нема коментари