Традиционалната годишна модна ревија на студентите на Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје ќе се одржи на 20 јуни (среда), со почеток во 20 часот, во холот на факултетот. Под менторство на професорката и дизајнерка Лидија Георгиева, студентите оваа година ја обработуваа темата Nouvelle Vague („Новиот бран“). Во знакот на Новиот бран беше нивното претставување на заедничка изложба во Францускиот институт во Скопје, а темата ја заокружуваат во завршните колекции кои ќе имате можност да ги погледете на утрешната модна ревија.
Новиот бран е движење во француската кинематографија кон крајот на 50-тите и почетокот на 60-тите години, преку кое францускиот филм се отвори за еден поинаков, нов начин на снимање филмови, којшто и’ се спротистави на традицијата. Општествените промени и промената на начинот на живеење, желбата да се трансформира филмот и да се прекине со минатото се во средиштето на Новиот бран.
Нема коментари