Цветни фустани, карирани сакоа, црвени костими со панталони, мали чанти, плисирани здолништа, слоевити споеви, виолетови влечки и многу едноставни стајлинзи со фармерки, маици и дуксери се дел од уличната мода за забележана минатата недела во Њујорк за време на модната недела. Њујорк се чини го губи приматот на еден од главните модни центар и Њујоршката модна недела некое време е во криза, па не е чудно што модата од модните писти се префрли на улиците. Познатите личности, трендсетери и модни уредници престојуваа во големата метропола за да ги видат модните ревии и колекциите за пролет-лето 2018, а нивните лични стајлинзи покажаа стилско шаренило. Еве еден наш избор на највпечатливите комбинаци со предзнак улична мода.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари