Иницијативата да се носи црна боја на доделувањето на овогодинешните филмски награди „Златен глобус“ ја прифатија холивудските актерки и на црвениот килим се појави во црни фустани и комбинации. Со #WhyWeWeаrBlack идејата како поддршка за жртвите на сексуално злоставување црвениот килим доби сосема поинаков изглед и содржина.
Оваа иницијатива можеби нема врска со модата и трендовите, но тоа не значеше изоставување на елеганција и доза на црвениот кили. Во моден смисол изборот на црна боја на облеката остави простор за поигрување со модните додатоци, а како главен моден детаљ се издвоија обетките. Тие додадоа елегантен елемент на црните фустани, а како тренд најмногу доминираа обетките со смарагдно зелени камчиња. Дека зелената одлично одговара со црната боја покажаа Зое Кравиц, Кетрин Зета Џонс, Изебел Ипер и Дебра Месинг.
Обетки како главен детаљ носеа повеќето актерки: Трејси Елис Рос, Дакота Џонсон, Серша Ронан, Џесика Биел, Риз Витерспун, Џесика Частеин, Алисија Викандер… кои избраа мали, ситни или висечки модели.
Иако помина времето на впечатливи ѓердани, на црвениот килим видовме неколку излгеди со овој додаток – Грета Гервиг избра златен модел во вид на листови наредени околу вратот, Виола Дејвис ѓердан од неколку ниски со дијаманти, а долги ѓердани со привезоци носеа Кејт Хадсон и Иса Ре.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари