Сара Полсон, Аквафина, Сандра Булок, Кејт Бланшет, Ен Хатавеј и Минди Калинг ја почнаа промоцијата на долгоочекуваниот филм „Океановите осум“ со прес конференција и заедничко фотографирање во њујоршкиот музеј Метрополитен. Бланшет облечена во пупрурно виолетов костим од Салваторе Ферагамо, Булок во смарагдно зелен комбинезон од Ели Саб, позираат заедно со своите колешки од филмот, а за да се докомплетира осумката им недостасуваат Ријана и Хелена Бонам Картер. „Океановите осум“ е женската верзија на филмската трилогијата која почна со „Океановите единаесет“ во која глумат Бред Пит, Џорџ Клуни, Мет Дејмон и други познати актери. „Океановите осум“ во следните денови ќе ја доживее својата премиера.
Нема коментари