• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за австриската балетска претстава Wolfgang Amadè

Од Катерина Трајановска · На јуни 10, 2019

1 olgica

Паралелно со обврските како моден креатор и водењето на сопственото ателје во центарот на Скопје, дизајнерката Олгица Ѓоргиева се впушти во нов креативен предизвик и подготви костимогарфија за балетска претстава во Австрија. Зад себе има неколку костимографиски проекти за домашните театри, а после успехот со претставата „Електра“ на режисерот Ренато Занела за која креира костими лани летото на островот Сирос во Грција, тимот зад „Електра“ задоволен од нејзината работа, ја покани да биде дел и од новата балетска претстава Wolfgang Amadè во Ст. Полтен, Австрија. За Stylist.mk дизајнерката Олгица раскажува за прекрасното искуство креирајќи костии за овој балет, како што вели самата, искуство кое е огромно за неа од повеќе аспекти, како уметник, човек и професионалец. Овој проект, во еден кревок период од нејзиниот живот, ѝ донел посебен мир и една чистина која остава простор за креативност која што е суштински потребна за секој уметник.

wolfgang amade (1)

Неодамна се врати од работно патување, од премиерата на балетската претстава Wolfgang Amadè во Австрија, за која што ги крираше костимите. Кажи ни нешто повеќе за претставата и за твојот ангажман?

-Ова е мој многу драг проект, затоа што сама на себе си докажав дека кога имате сон, желба, љубов, страст, талент, посветеност, храброст,трпение, пожртвуваност, многу работи што ги посакуваме можеме да ги освариме. Ова за мене претставува поттик како креативец, уметник, создавач! Мотивација посилно и похрабро да си продолжам по својот животен пат! Измитатово лето јас ја добив понудата да ја работам костиморафијата на претставата „Електра“, која се одржа на островот Сирос (веднаш до Миконос) во најстариот театар во Грција. Понудата ја добив од познатиот, интернационален режисер Ренато Занела, кој подолги години бил и и директор на Виенската опера и балет. Всушност, таа претстава беше мојата зелена карта за понатаму. Тие беа презадоволни од мојата работа и соработка, така што кога имаа нов проект, ме исконтактираа и ми понудија доколку сум заинтересирана да ја изработам костимографијата за претставата Wolfgang Amadè  на кое што барање јас одговорив позитивно.

1

За каква престава станува збор, кој друг беше во тимот, како изгледаше работата на овој, за тебе, интернационален проект и со какво искуство се врати во Македонија?

-Режисер беше повторно господинот Ренато Занела, балетаните беа во склоп на „Еуропа балет“ од Ст. Полтен, Австрија, а самата претстава беше во соработка со еден од најпознатите австриски сликари Christian Attersee, кој за самата претстава ја наслика позадината на сцената. Прекрасни професионалци, огромно искуство за мене, од секој аспект и како уметник и како човек и како професионалец. Наредното ниво во секој аспект од животот е да видиш кај си, да сумираш и да одиш напред. Ова ми е посебно драг проект, затоа што ми зацврсти ментално многу ставови од повеќе аспекти, ми даде еден мир и една чистина која остави простор за нова креативност која за еден уметник е од неизмерно значење.

wolfgang amade (4)

Во кој стил се костимите и како ја развиваше приказната за Волфганг Амадеус преку облеката?

-Како и самата претстава, која не беше типична класика, така и самите костими не беа типична копија на тоа време, иако комплетно ја следеа приказната. Ми беа дадени насоки и барања од страна на режисерот, така што работев по некоја веќе зададена програма.Имаше одредени параметри кои требаше да бидат задоволени и кои на некој начин беа појдовна точка за мене. Прво идејата се развиваше на хартија, после следуваше проба на костимите во Австрија, и на крај на 27 април беше премиерата во Ст. Полтен во Австрија, а на 17 мај во Сан Ремо, во познатиот театар Аристон, Италија.

Како реагираше публиката, успеа ли да почувствуваш реакција од нивна страна во однос на костимите?  

-Јас генерално бев прифатена од секој можен аспект. После премиерата ми приоѓаа луѓе сами за да ми честитаат. Беше за нив необичен спој на приказна, малку поинаков поглед на класика и им беше интересно. На сцена добив овации што беше доволен показател дека им се допадна!

wolfgang amade (10)

Дали после Ст. Полтен и Сан Ремо претставата ќе се прикажува и на други сцени?  

-Се планира да се прикажува во повеќе држави. Во моментот се потврдени гостувања во Германија, Хрватска, Србија.

После неколку сработени костимографии, дали размислуваш да се посветиш токму на овој дел од креирањето? Каква е всушност разликата меѓу создавање модна колекција и костими за театарска сцена?

-Ова е ново искуство за мене, кое секако многу ми се допадна и доколку во иднина имам прилика за нови проекти, кои мене би ми одговарале, секако дека ќе ги прифатам. Но мојата модна приказна „ГО“, секако продолжува да постои. Принципот на работа е дефинитивно различен и од уметнички и од технички аспект

Кога можеме да очекуваме нова модна колекција?

-Секако ќе има нова колекција, од прилика почеток на октомври. Во меѓувреме ќе им се посветам на моите клиенти, на моето ново ателје и неколку помали проекти кои ќе бидат дополнување на моите активности во наредниот период.

M18_6553 Kopie

M18_6568 Kopie

M18_6683 Kopie

wolfgang amade (5)

wolfgang amade (7)

wolfgang amade (3)

IMG_1425 - Copy

Wolfgang Amadèбалетска претставакостимографијамакедонска модамакедонски дизајнериОлгица Ѓоргиева
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics