• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ГОЦЕ ВЕЛЕСКИ: Се радувам како мало дете кога ќе видам некој со „Омајгад“ маица

Од Ана Несторовска · На април 14, 2015

omajgad prolet 2015 (1)

„Хејтерс гона хејт“, „Ноу скул лајк олд скул“ и „Секси сум си“ се новите интересни написи испишани со кирилица на маичките по кратки ракави на веќе добро познатиот урбан бренд „Омајгад“. Графичкиот дизајнер Гоце Велески, кој стои зад оваа етикета, најавува забава за промоција на новите пролетни модели наменети за двата пола, како и на маички за најмладите. Журката ќе се одржи на 18 април, почнувајќи во 12 на пладне, па сè до после полноќ, во кафе бар „Љубов“. За добрата забава во текот на денот ќе се погрижи  диџеј Васо, а подоцна грамофонот ќе го преземе Game Over. Деновиве со домашна журка, весели млади лица, диџеј и позитивна енергија Велески, во соработка тандемот Ани и Дими, сними промотивна фотосесија за новите маици.
-Со Ани и Дими за фотосесија зборувавме многу време, со мал милион замисли, идеи преправки доправки, и некако си дојдовме на место да се договориме со ГОТОВО ова го сликаме. Сесијата се одвиваше во станот во кој живееме со мојата девојка Мери, па при реновирање на истиот целосно го дизајниравме по наш вкус, така да исто како и дизајните на „Омајгад“ што ме отсликуваат мене, така и целата фотосесија беше во мој стил- изјавува Гоце Велески.

omajgad prolet 2015 (11)

>> Каква беше атмосферата за време на фотосесијатаи кој сè се појавува како модел ?
-Ауф, атмосфера лудило :) Баш си напраивме домашна журка, сè на сè бевме собрани осум луѓе, го затемнивме цел стан, пуштивме музика почнавме да пиеме виски и се дешаваа чудесии :) Главни ликови во фотосесијата се Ангелина Блажеска (Angelina Euler) позната по безброј фотосесии и настапи на FWSK, Aлександра Азманова (Alekk Potter) која ја имаме видено на неколку билборди, а највеќе ја знаеме од блогот Хаштаг Љубов. Александра се погрижи и за шминката (исто убер позната на Инстаграм по феноменалната шминка). Васко Нетковски (Dj Vaso) кој е познат скопски „Диџејсаурус” и беше задолжен за автентичноста на журката (читај донесе грамофони миксети плочи) и Јанко Смилевски, чие презиме  го дознав од пред скоро, бидејќи сите го знаат како Јан Ко Нен,  убавиот дечко од „Љубов“.  А, во некои фотографии се појавуваме и јас, Мери, Ани и Дими бидејќи дел се случуваше спонтанто и навистина се забавувавме :) Не можам да опишам колку сум задоволен, иако сум работел на доста фотосесии, оваа дали дека беше баш лично моја, некако ептен ќејфски ја истеравме, немаше „стресни” ситуации, и целата фотосесија беше баш онака, другарски. Се собравме да направиме нешто различно.

omajgad prolet 2015 (3)

>> Колекцијата е наречена „Омајгад презентира шаренила“ . Дали „Шаренила“ се однесува на изборот на бои или на шаренилото од размислувања и пораки испишани на маиците?
-Ако aприл беше боја ќе беше шарена. Тоа цел живот ми се врти во глава, зашто во aприл можеш да тргнеш од Ченто до Центар по кратки, а на враќање да бараш јакна и чизми. Шаренилата во новата колекција има две значења, првото е дека за прв пат правам ист дизајн во различни бои, а второ – освен маици за возрасни ја зашаренуваме целата палета на „Омајгад“ со #Кидседишн маици.

omajgad prolet 2015 (10)

>> Што те инспирира за маиците, дали носат некоја посебна порака?
-Секој ден нешто повеќе ме инспирира, сè што се случува низ градов, сè што ќе видам, слушнам,  но конкретно за новата колекција најголема инспирација ми беше роденденската журка што се случи во септември во „Љубов“. Толку многу луѓе, сите среќни радосни весели, супер музика, се денсаше, се смеевме… Беше толку многу прекрасно што уште следниот ден почнав да правам нацрти и планови за новата колекција. Дури и сам себе си се изненадив дека прв пат во животот нешто беше готово безмалку три месеци пред официјална промоција.

omajgad prolet 2015 (4)

>>Новитет се двата посебни детски дизајни. Како дојде до идеја за направиш модели за најмладите и за натписите на истите? Дали тоа се фрази што најмногу ги паметиш од твоето детсво?
-Да, за прв пат се случува да направам маичка која нема буква, туку има бројка за големина.  И беше интересно, во исто време напнато,  па правев мини фокус групи со неколку родители да видам дали ќе „запали” идејата. Идејата да се направат детските маички беше иста како идејата да се направат модели за возрасни. Немаше досега направено поинакви маички, сè што гледав низ град беше „Принцезата на мама”, „Убавиот на тато”, „Мал сум ама сум главен”… Не дека има нешто лошо, но лично мене ми звучат премногу клише и здодевно. Исто така, доста млади родители и тетки, вујковци, кои го сакаат „Омајгад“, ме  прашуваат кога ќе правам детски маици, па решив конечно да ги задоволам барањата на моите фанови. За првиот дизајн („Тебе да те серат кокошките“)  инспирација ми е мајка ми, зашо таа често си го користи изразот „Да те серат кокошките“, а јассекогаш  ја карам дека не е убаво така да им вика на децата. А вториот дизајн,  си дојде како чиста коинциденција на еден невин мал ум, што не по сопствена волја имаше направено многу незгоден збор со помош на коцки со букви („Факоф“).

omajgad prolet 2015 (7)

>> Каде ќе може да се набават маиците по промоцијата, покрај онлајн продажбата на твојот сајт omajgad.mk?
-Судбината на маиците се надевам дека ќе им биде со краток рок,  т.е. дека ќе бидат прифатени од страна на публиката и буквално ќе бидат разграбани. Тераме со иста фора, на 18. април почнуваме во 12 часот со продавање на маичките во „Љубов“, а потоа веќе од наредниот ден ќе почне онлајн птодажбата со работа. Нарачката преку сајтот се врши веднаш,  се верифицира со купувачот и во рок од 48 часа купувачот ја добива својата маичка на врата, без никакви додатни трошоци. За сето ова да функционира беспрекорно најзаслужни се дечките од „Веником“, кои си ја завршија работата повеќе од одлично.

omajgad prolet 2015 (6)

>> Твојот бренд „Омајгад“ за кусо време стана еден од најпрепознатливите урбани етикети. Гледано наназад , дали се надеваше на ваков прием кај нашата публика и какви коментари, забелешки или пофали добиваш?
-Најискрено не очекував толкав „баз“ да направи „Омајгад“, ама некако за кратко време им влезе на луѓето под кожа, почнаа да го зборат, ко за чудо ме препознаваат низ град као „Еј, ти си тој со Омајгад маиците? Закон, топ, браво”. Кога го почнав проектот „Омајгад“ ги истрошив сите пари што ги имав и дадов отказ, па неколку дена пред промоција седев пред кутиите со маици и им зборев како ненормален :) Ама супер си проаѓа, еве година ипол, четврта по ред колекција, од претходните колекции има уште скоро ич маици, така да, ептен сум задоволен од тоа што стана. И еве вака јавно да ветам, нема да ме удри славата во глава и да продолжам со правење лоши дизајни, туку ќе тераме само во нагорна линија. Коментарите се пречесто позитивни, удираат на его бустинг максимално, а негативните коментари се претежно кога ќе снема од маиците и редовно добиваме пораки ТАПА СТЕ ШТО НЕМА :) И слушам низ град и хејтерски муабети, ама нели „Хејтерс гона хејт“.

omajgad prolet 2015 (13)

>>Препознатлив знак за маиците се симпатичните написи, напишани на кирилица. Како се „раѓаат“ идеите за написите. Дали твоите клиенти или пријатели ти сугерираат некогаш по некој слоган?
-Слоганите се раѓаат кога ќе седнам да работам, ама нешто друго, не кога работам за „Омајгад“. Најчесто тие се тука од секојдневни разговори, што би се рекло на шала на смеа си доаѓаат и остануваат. Секој ден ни стигаат пораки со предлози за да направиме некој испис како дизајн на маица, и до сега не стигнал некој што би бил унисекс, многу често се некако интимни за сами себе, или политички некоректни :)

omajgad prolet 2015 (5)

>>Маиците ги носат и момчиња идевојки, но каков тип на луѓе најчесто ги набавуваат? Можеш ли да ги дефинираш „омајгад“ клиентите?
-Најјаките фраери и фраерки купуваат „Омајгад“ маици :) Не можам точно да ги дефинирам, единствено што можам да кажам за сите е дека се супер дечки вака на прв поглед. Возрасна граница и нема баш, приметувам дека се купуваат доста маици за подарок за другари и другарки, родендени, дипломирања и такви манифестации. Многу често ги купуваат оние фрази што најмногу им “лежат” во стилот на зборење, некако емотивно си се приврзани за баш тој дизајн и ако го нема се случува моментот на рушење на сите соништа.

omajgad prolet 2015 (9)

>>Какво е чувството кога на улица, кафуле, на работа …ќе налеташ на некој со маица со твој потпис?
 -Еј, се редувам као мало дете :) Бидејќи досега продажбата идеше во прво лице, т.е. јас им ги доставував маиците, ќе си напраевме по два три реда муабет баш за тоа „Како ти текна ваква маица, шо се следни планови“ и некој таков рандом муабет, што после тоа кога ќе се видиме веќе сме на „Еј здраво, шо праиш, шо има”. А инаку чувството кога ќе видиш некој дека носи твоја маица е феноменално, нешо као прв бакнеж :)

omajgad prolet 2015 (8)
omajgad prolet 2015 (2)
omajgad prolet 2015 (12)

omajgad prolet 2015 (14)

Aлександра АзмановаЈанко СмилевскљубовАнгелина БлажескаАни и ДимиВаско НетковскиГоце Велескиграфички дизајнердетска линијаДиџеј ВасожурказабавакирилицамаиципринтФото: Ани и Дими„Омајгад“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 интервју

    СИНДИ КАРАЏА: Колекцијата Mystical Dawn на QUEEN Haute Couture содржи префинети, моќни и бајковидни венчаници

  • sanja arsovska (6) интервју

    Магнетик со македонските актерки: САЊА АРСОВСКА – Храбра, динамична и секогаш со став

  • dаrja rizova (13) интервју

    „Магнетик“ со македонските актерки: Запознајте ја Дарја Ризова – искрена, насмеана и непосредна

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • Double Tree by Hilton - Skopje 010

    Roof Bar 55 на „Хилтон“ – гастрономско уживање со софистициран панорамски поглед

Модна азбука

  • КАФТАН-долга горна облека без крој

    април 28, 2016

Видео

  • 7f5e1130-1825-4fab-9f3b-b1cec7b3f598_783011_tablet_landscape_large_16_9

    Денеска ги слушаме Hooverphonic

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 3

    Ревијата на „Фенди“ со посвета на Карл Лагерфелд

    февруари 22, 2019
  • 4

    Микеле за „Гучи“: Облеката е наша маска која и открива и покрива

    февруари 21, 2019
  • 1

    Стилска инспирација од улиците на Лондон

    февруари 21, 2019
  • arijana koskarova forbes (1)

    Македонката најдобро облечена на Forbes наградите во Лондон

    февруари 21, 2019
  • rosica mrsik (2)

    Stock Sale во ателјето на Росица Мршиќ

    февруари 20, 2019

Убавина

  • 1

    BEAUTY BOX: Нови пудри на Guerlain, La Mer и Dior

    февруари 18, 2019
  • 61Up_for_Everything-matas_1060

    Новата M.A.C. Up For Everything Mascara совршено ги витка и издолжува трепките

    февруари 15, 2019
  • oriflame protiv brcki (3)

    Како за кратко време до блескава кожа без брчки

    февруари 15, 2019
  • vday-fragrance

    Романтични парфеми за неа и за него

    февруари 13, 2019
  • CAMILA COELHO

    MAKE UP TUTORIALS: Шминкерите предлагаат изглед за Свети Валентин

    февруари 11, 2019

Живот

  • 1

    Студиото на Заха Хадид креира вазни за Rosenthal

    февруари 15, 2019
  • Uchenicite vo uchilishteto Nova

    Канадскиот премиер Џастин Трудо се допишува за климатските промени со македонски ученици

    февруари 8, 2019
  • MAR_4366

    Fit Family предизвик – вежбајте и слабејте заедно со познатите во #30dayschallange

    февруари 6, 2019
  • Мастер шефот Марк де Јонг со курс за готвење во „Јавна соба“

    јануари 28, 2019
  • image2

    Huawei го претстави новиот P Smart 2019 на специјален настан во Скопје

    јануари 24, 2019

Култура

  • 633275c4-37be-4397-aafc-c2edccc19b00

    „Медена земја“ по триумфот на „Санденс“ ќе се прикажува во кината во САД и на „МакеДокс“

    февруари 18, 2019
  • IMG-18a36f61e7533631e78e3c92ba963a30-V

    Македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ со две престижни награди на Берлинале

    февруари 17, 2019
  • EFOC_YEH_A3

    Изложба на дела од работилницата “Емоции за еден град” – изложба за подобро утре

    февруари 11, 2019
  • 3 Roma-The-Favourite

    BAFTA 2019: „Рома“ најдобар филм, седум награди за „Миленичка“

    февруари 11, 2019
  • 2 (1)

    Две недели џез во „Бруклински“

    февруари 6, 2019

Тагови

FWSK Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонски дизајнери модна ревија накит насловна страница пролет-лето 2015 рекламна кампања улична мода
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics