Сите оние кои досега имале можност да ја забележат уникатноста на парчиња накит на Даниела Наумова (Danna Art Jewelry) и Елена Поповска (My Precious), a се прашувале каде можат да ги набават,како и сите оние кои се љубители на традиционалните техники третирани низ современа призма, ќе можат да ги најдат во нивното ново ателје „Алка”, кое што синоќа беше отворено. Во еден мошне пријатен и успешно осмислен амбиент кој дише со креативната енергија на изложените експонати двете авторки приредија пригодно пријатно дружење со своите пријатели, клиенти и колеги на кои им претставија најновите колекции: Danna – „Змејот со оган во срцето”, а My Precious – „Сребрена роза”.
Просторот, што се наоѓе во близина на култните пицерии „Балила“ и „511“ во скопската населба Капиштец, е замислен како синергија на раѓањето на идејата и нејзино директно пласирање до конзументот. Тоа e нова потенцијално интригантна дестинација за сите оние кои се во потрага по модерен накит со традиционална убавина. (С.Ј.Б.)
фото: Stylist.mk

Даниела Наумова и Елена Поповска
Нема коментари