Научени дека повеќето модни настани се фокусирани во главниот град Скопје, позитивно изненадување дојде од Охрид, каде што деновиве се отвори продавницата „Румор“, со концепт по светски терк и единствениот мултибренд во регионот. Зад „Румор“ стојат Лејла Гогова и Алек Бимбилоски, кои во Охрид ќе ја промовираат македонската мода и сè она што е потпишано со Made in Macedonia. Креаторските парчиња конечно се достапни и за охриѓани, да не мора повеќе да инвестираат екстра пари и да патуваат во потрага по квалитет и дизајн.
-Приказната е дека сме заедно од деца, дека сме во моден бизнис, секој во свој, 20-тина години и дека сакавме на Охрид да му го подариме ова што „Румор“ го нуди, бидејќи охриѓани тоа го заслужуваат. „Румор“ е создаден со многу љубов и желба конечно да се понуди квалитет и тоа првпат за ексклузивна цена – ни рече Лејла.

Зад „Румор“ стојат Лејла Гогова и Алек Бимбилоски, кои во Охрид ќе ја промовираат македонската мода
Сместена во зградата „Печијаре“ на булеварот „Туристичка“, во „Румор“ ексклузивно може да ги најдете модните парчиња креирани од светски познати креатори: Ристо/Париз, Монографи /Париз, СЕВ/Париз, Елла/Исланд и Џуми Лим – We are owls NewYork/Њујорк. Нивните уникатни креацииа ќе се продаваат по цени прикладни за македонскиот пазар, што „Румор“ го прави неоддолив моден избор. Тука ќе најдете и уникатни модни детали, како накит од филигран, дизајнирани новчаници и рачно изработи специјални миризливи свеќи, како и фармерки од Rag and Bone и Citizens of Humanity.
-Очекуваме клуенти од цела Македонија кои покрај за викенд и одмор, ќе доаѓаат во Охрид на шопинг во „Румор“ – велат Лејла и Алек и потенцираат дека Охрид доби место каде што ќе се продаваат креациите на Ристо Бимбилоски, охриѓанец и моден дизајнер со светска слава кој сега работи покрај Џон Галијано во модната куќа Maison Margiela.
Покрај колекциите на Ристо и набројаните светски брендови, „Румор“ соработува со талентирани уметници и артисанал творци кои ќе дизајнираат уникатни модни детали. Мартина (Dream filigree) искреира накит од филигран, Драган „Книговез“ изработи уникатни новчаници, а Јованка Сион Доленц рачно изработи специјални миризливи свеќи за секој хороскопски знак посебно. Секоја од нив може да гори испуштајќи убава арома околу 20 часа. „Румор“ и понатаму ќе склучува соработки со уметници и дизајнери, со цел да се афирмираат младите кои ќе понудат сопствена квалитена идеја и производи, и кои ќе се продаваат во овој простор. Во катчето наменето за домот ќе ги најдете рачно плетените перници кои ги дизајнираше младата Ирма Гогова, а во „Румор“ ќе се продаваат и рачно плетени производи.

Важен дел од Румор“ ќе биде сопствената колекција „Румор“, која ќе се произведува во Охрид со висококвалитетни материјали
Важен дел од Румор“ ќе биде сопствената колекција „Румор“, која ќе се произведува во Охрид со висококвалитетни материјали.
-„Румор“ го промовира Made in Macedonia производот, што е толку барано од модните куќи како Balenciaga, Loewe, Christopher Kane, Kenzo, Margiela… Сите материјали се custom made за Rumor, и произведени во истата фабрика каде што произведуваат горенаведените модни куќи, значи беспрекорен македонски квалитет на кој сме 100% горди. На Made in Macedonia се гледа многу позитивно и миџот е граден со многу трпение, љубов и труд на стотици жени и мажи во регионов – вели Алек за Stylist.mk.

Заштитниот знак на „Румор“ е врапче
Заштитниот знак на „Румор“ е врапче. Тоа симболизира глас(ина) – гласник и тесно е поврзано со традициите и верувањата во Охридскиот регион. Овој пат гласникот во Охрид слета како моден детаљ на уникатните производи на „Румор“.
Нема коментари