Познатиот бренд Timberland повеќе години соработува со Opening Ceremony на различни верзии на Convenience чизмите, последната содржи многу интересен пар целиот во розова боја. Розовите се најдобар начин да ги разведрите првите сиви есенски денови, а покрај розови, има и чизми во црна, бела и во стандардната жолта боја. Поставени се со крзно и со тоа стануваат идеални за кога ќе стане постудено. Инспирацијата за овој стил на Timberland чизми е позајмена од њујоршката андерграунд музичка сцена и уличниот стил, а освежувањето со боите ќе ѝ се допадне на новата генерација артисти.
Нема коментари