Палетата со сенка за очи е елемент од женската шминка кој не може да се заобиколи – практична, со поголем избор на бои и нијанси, и трае подолго време. Често се случува да користиме само неколку бои од палетата, но и да ги утнеме нијансите. Факт е дека палетата треба да има неколку светли нијанси, транзициони за околу наборот на окото и неколку темни за нагласуваење. Но, во кои тонови треба да бидат, зависи од бојата на очите. Еве како да ја одберете вистинската палета за очи која ќе ја обожавате, ќе ги употребувате сите бои и со тоа максимално ќе ја искористите.
Кафените очи се најблагодарни, бидејќи тие може да се третираат како неутрални и се комбинираат со скоро сите нијанси на сенки. Од неутралните тонови може да се создаде едноставен и пристоен изглед, но одговараат и сенки со црвени, виолетови и зелени нијанси, со кои ќе се постигне поефектен и повпечатлив изглед. Во таа смисла, кафените очи оставаат простор за креативност и експериментирање. Сините очи одлично се слагаат со неутрални тонови – нежни беж нијанси, луксузни златни тонови и богати темнокафени нијанси. Зелени очи совршено се слагаат со топло бакарни тонови, а темно виолетовите тонови создаваат совршен контраст со зелената боја на очите.
КАФЕНИ ОЧИ
ЗЕЛЕНИ ОЧИ
СИНИ ОЧИ
Нема коментари