Институтот Pantone пред неколку часа ја откри бојата што ќе ја одбележи 2019 година и своето место ќе го најде во модата, шминката, ентериерот, продукт дизајнот, автомбилите и други области. Тоа е Living Coral, корално портокалова со златен поттон, вибрантна, весела и оптимистична. Инспирацијата се морските гребени, плажата Ројал Саут Бич во Мајами, небото на зајдисонце, заштитата на морскиот свет и коралите и актуелните политички случувања.
Pantone смета дека овогодишниот избор ја симболизира „вродената потреба за оптимизам и радосна определба“ и „автентичните и извонредни искуства кои овозможуваат поврзување и интимност“, ова последново носи додатна оштрина во културниот пејзаж во кој сè повеќе доминираат дигиталната технологија и социјалните медиуми.
Оваа боја е доста ласкава и лесно може да се примени во шминката како боја на кармин и лак за нокти, во ентериерот, мебелот и како боја на ѕидови, на женствени модни парчињаи и како тема за свадби, а веќе ја видовме во дизајнот на новиот ајфон и во колекцијата на Марк Џејкобс за пролет 2019.
A partir de uma extensa pesquisa, a @pantone escolhe a cor que simboliza tendências de moda, design e cultura. “Living Coral” foi a cor escolhida para 2019. De acordo com a marca: “O coral vivo acolhe e incentiva a atividade alegre, simbolizando a nossa necessidade inata de otimismo e expressão lúdica.” Confira os itens que já são tendência mundial na @saccaro.curitiba #COY2019 #saccaro #saccarocuritiba #designhabitat A post shared by Roger Maia (@rogermaia.curitiba) on
Нема коментари