За време на Париската недела на висока мода посетителите на модните ревии избраа летни комбинации со кои му пркосеа на жешкото време во француската метропола. Иако вообичаено на ревиите на висока мода гостите носат луксузни дизајни во посвечен стил, во последните сезони практичноста и едноставноста завладеја на улиците на Париз. Па минатата недела стилските звезди прошетаа со минималистички комбинации, облека од природни материјали, женствени фустани и трендовски детали, аутфити кои лесно можеме да ги приспособиме и во нашата летна гардероба.
Нема коментари