Патиките на Puma станаа едни од најпопуларните во модата, благодарение на новите модели во пастелни и во возбудливи јаки бои, а можеби и поради соработката со Ријана и нејзината колекција Fenty Puma. И кај нас може да се најдат некои од моделите на Puma патиките, актуелни се моделите од серијата Puma Suede, потоа Puma Suede Mono Iced во неодоливи пастелни нијанси на розова, сина, резеда кои се инспиран од сладоледот, а модните вљубеници го сакаат и моделот Puma Suede Heart Satin, кој има големи сатенски ленти наместо врвки. Иако пастелните патики се најпопуларни, Puma патиките ги има и во сите основни бои, но и во фантастични нијанси на малина и тиркиз.
Нема коментари