Актерката Пенелопе Круз повремено се впушта во дизајнерско расположение и креираше нови парчиња накит за брендот Swarovski. Во рамките на луксузната линија Atelier Swarovski таа ги претстави колекциите Penelope Cruz Fine Jewlery и Atelier Swarovski by Penelope Cruz MoonSun, во кои се употребени 18-каратно бело злато создадено по принципите на фер трговија, како и Swarovski топаз и Swarovski дијаманти кои се создадени во лабораторија. Всушност, колекциите се дел од иницијативата за содавање накит кој нема да остави негативен импакт на планетата и тоа е она што Пенелопе ја привлекло да се вклучи во сработката со брендот.
-Горда сум на моето партнерство со Atelier Swarovski и среќна сум што сум во позиција да го разјаснам концепт за еколошки свесен луксуз и да создадам производи кои имаат позитивно влијание – вели Пенелопе за накитот со етички пристап со кој не само што треба да изгледате убаво, туку и да се чувствувате убаво.
Пенелопе како глобален амбасадор на Swarovski продолжува да ја шири визијата за свесен луксуз, преку производи кои се самоодржливи, со познато потекло, имаат лабораториски создадени камења и се резултат на фер трговија.
Новата кампања Пенелопе ја сработи со фотографскиот двоец Мерт и Маркус.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари