Плетените фустани не се новина во есенско-зимската гардероба, а оваа сезона тренд се моделите од тенки плетива кои наликуваат на трикотажа. Овие фустани нудат топлина, удобност и доза на женственост. Долги и со ролка, пократки и пошироки, периодов плетениот фустан е одлична опција за повеќе пригоди, во деловното облекување, за лежерни прошетки и за вечерно излегување доколку се комбинира на вистински начин.
Нема коментари