Кога го основала својот бренд I Love Mr. Mittens, Белгијката Стефани Колиер не се ни надевала дека нејзината пасија за плетива ќе прерасне во интернет модна сензација. Уште помалку се надевала дека ќе допре до светската модна публика со плетени модели создадени во Австралија. Денеска стационирана во Перт создава висококвалитетни креации од 100 отсто волна, кои се препознатливи по крупната плетка и пастелните тонови.
Колиер сака да екпериментира со плетките и техниките. Посебно популарни се големите џемпери, кои често може да се сретнат на профилите на познатите блогерки и трендсетерки на Инстаграм. Доста се носат и шаловитеи околувратниците, како и капите. Секој од моделите на I Love Mr. Mittens е посебен, удобен и безвременски, може да се носи повеќе зими и да не излезе од мода.
Нема коментари