Долгоочекуваната колекција на „Балман“ за шведскиот гигант H&M почна да се продава денес на глобално ниво. Како и во случајот со претходните дизајнерски соработки со брендот, претходеа денови чекање и редици пред бутиците на H&M, бирање на облека пропратено манично трчање по продавниците и по некоја тепачка, метеж пред касите, пресреќни клиенти и голема листа за препродажба на eBay по многу повисока цена. Според некои извори во некои градови заинтересираните кампирале и по три дена пред бутиците, а се претпоставува дека скоро целата колекција е распродадена. Еве дел од атмосферата во различни светски продавници на H&M.
Нема коментари