Откако модниот бренд „Балман“ креираше колекцијата на кармини во соработка со гозметичкиот гигант L’Oréal, во светот на убавната влезе и дизајнерката Изабел Марант. Таа ја создаде колекцијата L’Oréal Paris x Isabel Marant која содржи неколку производи за шминкање – сенки за очи, проѕирна маскара за веѓи и трепки, сјај за усни во неутрално розова боја, кармини во седум нијанси и хајлајтер. „Како и со облеката, креирав колекција на шминка што може да се носи насекаде и во секое време“, вели Марант. Производите за шминкање спакувани во црна опаковка и со натписи во бела боја ќе почнат да се продаваат на 19 септември, прво на веб сајтот на L’Oréal, подоцна ќе се дистрибуираат насекаде во светот. На 27 септември ќе бидат користени за време на модната ревија на Марант во рамките на Париската модна недела.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари