Модната куќа Прада ја претстави првата машка колекција која е заедничко авторство меѓу Мијуча Прада и Раф Симонс. Ретко се случува првиот човек на еден познат моден бренд, во случајов тоа е една дама – Мијуча Прада, да повика друг исто толку успешен моден дизајнер (Раф Симонс) заедно да творат и креираат рамноправно. Откако Мијуча го повика Раф заедно да се претставуваат како креативни дирекори на Прада, претставија женска колекција за пролет 2021, а еве ја и првата заедничка машка колекција.
Машката колекција за зима 2021 содржи добра доза на модни кодови карактеристични за Прада – геометристи форми во стилот на 70-тите, масивни обувки и ретро плетиво. Но се чувствува и изразот на Симонс, во прв ред влијанието на streetwear естетиката. Силуетата е волуменозна во горниот дел од телото, тесна во долниот (манекените претежно носеа хеланки). Палетата на бои е разиграна со интензивни нијанси, а доминираат широки дворедни палта и бомбер јакни, големи ранци и ракавици со мали чантички.
Како и после првата заедничка ревија, Раф и Мијуча после вчерашната дигитална ревија за машката колекција се впуштија во дизајнерски разговори. Всушност, одговаа на прашањата на студенти по мода, уметност, дизајн, архитектура и философија од различни светски факултети и универзитети.
Нема коментари