Најнедискретната, но највпечатливата боја е вистински избор за новогодишен изглед и се чини дека празничните денови се најповолното време да се обвиете во златна боја. Од античко време до новите модни предесенските колекции, златните ткаенини имаат необична привлечност. Во модата стануваат особено популарни во 70-тите години благодарение на креациите на Ив Сен Лоран и Пако Рабан, сега ги среќаваме во последната колекција на „Шанел“ инспирирана од Египет, креации на „Гучи“, Dsquared2, Келвин Клајн, Александар Вотие, ги има во колекциите за идната пролет и во стилот на модните ѕвезди како Џована Батаља и Бела Хадид. А ако сакате да блеснете во новогодишната ноќ, одберете фустан, панталони здолниште со изглед на златна фолија, тогаш ви е дозволено обемно да ја заиграте оваа модна тема и да се завиткате во злато.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари