За само една година козметичкиот бренд на пејачката Ријана, Fenty Beauty, доби голема популарност, позитивни критики и одлично се продава. Има свои фанови и кај нас, иако брендот официјално не е присутен во нашите парфимерии. Ријана деновиве ги претстави новите производи, како на пример новата верзија на познана палета Killawatt Foil која сега доаѓа со седум нови хајлајтери, а изненади и со откривањето на празничната, односно божиќна колекција наречена CHILLOWT која содржи шминка совршена за креирање ултра-металик изглед.
Познатиот кармин Mattemoiselle Plush Matte доаѓа во празнична верзија и со сјајни нијанси на розова, златна, загасито црвена, металик кафена, сива, темносина. CHILLOWT колекцијата содржи и креони за усни и очи, како пигменти со светки во боите на виножитото.
Нема коментари