Беспрекорните црвени усни може да ја направи секоја облека да изгледа празнично
Со доаѓањето на дочекот на новаа година нашата шминка станува попразнична и ниту една друга шминка не е толку празнична како црвениот кармин. Црвената е секогаш класика, иконична нијанса на кармин што може да ја дефинира секоја шминка и да ја нагласи секоја модна комбинација. Козметичките компании имаат разни верзии на црвен кармин во својата понуда, со желба да ги задоволат сите жени кои ја бараат вистинската нијанса и формула на кармин. Некои црвени кармини имаат веќе култен статус, како Rouge Dior во нијансата 999 на Диор и нијансата Ruby Woo на MAC Cosmeticks, а за овој Божиќ некои од омилените кармини добија празничен изглед.
GUERLAIN – Guerlain Rouge G во нијанса број 34 и во украсна футрола со црвени и златни светки
DIOR – Rouge Dior од лимитираната празнична линија The Atelier of Dreams во нијанса 999
MAC – Powder Kiss Lipstick Ruby New, нова преформулирана верзија на класичниот Ruby Woo
Нема коментари