• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Преиспитување на женскиот сензибилитет кај Еми Норис

Од Снежана Јаначковска-Богдановска · На април 22, 2014

emi-noris-kolaz001-1024x993

Авторот се охрабрува да се претстави пред јавноста со своите дела кога ќе почувствува уметничка зрелост и кога смета дека она што има да го каже е доволно конкретно, издржано, има целина и му треба фидбек од  јавноста и публиката. Тогаш кога ќе заврши интровертната фаза ќе добие потреба да се отвори кон светот и да го искомуницира тоа што сака да го каже низ своите дела. Кога ќе посака да им даде живот, да допрат до оние за кои се наменети – ќе рече Емилија Дамјановиќ.

Таа по четири години од кога се зафати со авантурата на дизајнирање накит под името Еми Норис зад себе има дваесетина локални и меѓународни групни изложби и јавни претставувања на работилници за дизајн, модни саеми, модни викенди и фестивали на современ графички и моден дизајн. Со став дека јавното претставување е дел од креативниот развој на авторот,  минатата недела ја прикажа својата втора самостојна изложба, насловена „Во женски клуч“, отворена во концептуалното кафуле „Концепт 37“, која истовремено претставуваше и еден вид на резиме изложба (не ретроспектива), изложба на модни колажи и концептуален накит и еден вид на самопреиспитување во формат на соло изложба.

Емилија има дипломирано на Факултетот за музичка уметност и работи како професор по музичко образование. Но со потреба за пошироко креативно изразување, а како фасцинација од детството, таа веќе четири години својот креативен порив ќе го материјализира и преку дизајн на накит.

-Уште како дете страшно ме фасцинираа костимите во сликовниците, илустрираните бајки, стриповите, филмовите. Фустаните на принцезите, превезите на очите на гусарите и нивните панталони, капата и зелениот аутфит на Робин Худ и Петар Пан, Пепелашка и нејзините трансформации… Мислам дека прво визуелно ги анализирав, па потоа ги читав. Првите модни дизајнерски цртежи настанаа кога имав 13-14 години, а генерално цртав уште од предшколска возраст. Паралелно како музички, имав потреба да се изразувам и ликовно. И тоа сè уште трае. Не можам да го исклучам ниту едното, ниту другото – вели Емилија.

 

Со таквата пасионираност со модата преку која најдобро го искажува она што го носи во себе како идеја и како естетика, таа ќе го изучува модниот дизајн кај Никола Ефтимов, за да потоа се посвети на визуелното истражување на тема жена и современите контексти во кои таа се наоѓа, одбирајќи го накитот наместо облеката како медиум за изразување.

-Накитот ми е во моментот голем предизвик, полесен ми е за изработка и финансиски поприфатлив за инвестирање. Да речеме дека сакам да сум блиску до лицето на жената и дека тоа ме инспирира да креирам аксесоари блиску до него. Ама во моето дизајн портфолио имам околу стотина необјавени модни дизајни на облека во вид на цртежи, од кои реализирани се само неколку, и тоа 2002 година на завршната мини колекција од обуката за основи на моден дизајн кај Никола Ефтимов, кога имавме групна модна ревија во Музејот на современа уметност на тема хистерија и Belle Epoque. Колекцијата што ја дизајнирав се состоеше од урбани парчиња корсети и здолништа изработени во пачворк. Исто така во 2008 година реализиран е мој дизајн на етно костим за хорот „Св.Злата Мегленска“ каде  што бев член и кој беше премиерно претставен на настапот на хорот во Венеција , на концертот за мир организиран од УНЕСКО – ни откри дизајнерката.

 emi-noris2

Емилија на  накитот му приоѓа концептуално, сметајќи дека накитот и облеката генерално не се само декорација и дека во себе носат приказна,  креативен идентитет, порака и зборуваат за личноста која го носи. Дека во себе носат многу повеќе од само визуелно, и дека се во комуниција со средината.

-Имам уметнички пристап во дизајнот и сакам да измамам насмевки и љубопитни погледи кои се трудат да прочитаат што се крие зад симболиката и кои се пронаоѓаат во она што го правам. Кога творам се забавувам и мислам дека тоа се рефлектира во продуктите. Ако публиката ја прочита ведрата и забавна страна на моето авторско дело јас сум исполнета како дизајнер.

За нејзиниот креативен сензибилитет и смисла за концепт Иванка Апостолова, антрополог и уметник, која ја отвори изложбата ќе рече:

-Нејзината визуелна елоквентност се одразува преку изразената смисла за композиција во накитот – или во превод – естетскиот однос помеѓу ланецот, алката, привезокот, содржината на принтот, апликациите, употребата на материјалите и боите. Смислата за сериска обработка, разработка и развивање на концептот во накит, укажуваат на одговорност, самосвесност и амбициозност кон комерцијалност на авторот.

За својата инспирација и коресподенцијата со материјалите Еми Норис вели дека ја наоѓа во сè што ја опкружува.

-Најпрво е идејата, инспирацијата се надоврзува, а материјалите се прашање на практична изведба и често експериментирам со нив. Тоа е како еден вид игра.

Накитот е наменет за современа урбана жена, едноставна, но со јака и изградена личност, жена која што има став и ги избегнува клишеата. Таа ја живее ведрата страна на животот. Па така, кај Емилија во последната колекција, филигранската етно пеперутка станува урбан плексиглас во црвено, бело и црно расположение или одразува жена со отворен дух која ги разбива депресијата, потиштеноста со страст и динамика.  Стереотипот за жената и нејзиното место во кујната, преку смислата  за хумор на Норис, ќе го гледаме како чајник, животински скелет за домашна супа – трансформирани  во облик на привезоци за ѓердан, како еден вид на поигрување со стереотипите за жена, ерос и кулинарика.

Во последна колекција таа со својата експлицитност поцврсто, посмело и авторски посозреано зачекорува во светот на дизајнот на накит, па нејзините понатамошни напори се врзани со желбата да допре што поблиску до својата публика.

-Се трудам да најдам фреквентно место каде накитот би бил физички достапен до купувачите, затоа што има голем интерес поготово за последната колекција, а исто така би се фокусирала и на меѓународни изложби и презентации. Неделата  на дизајнот во Скопје и Моден викенд се настани каде што до сега сум изложувала и би сакала и понатаму затоа што мислам дека таму се случува најдобриот контакт со публиката, има неверојатна размена на енергија и интеракција меѓу дизајнери и креативни сектори која нам креативците ни е толку неопходна.

emi noris5

 

Еми НорисЕмилија Дамјановиќмакедонски дизајнеринакит
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ana

    Нашата позната манекенка Ана Калачоска со венчавка од соништата

    мај 12, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025
  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

    април 23, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics